Ѓаволски мост — планински мост на северните падини на Беласица над селото Смолари. Мостот е над карпеста провалија длабока 15 метри и се наоѓа во непосредна близина на македонско-грчката граница на надморска висина од 1522 метри. Првиот документиран податок за постоење на широк дрвен мост е од периодот на Првата светска војна, од 1914 година. Бил изграден од бугарската армија за време на воените операции.

Мостот бил дрвена конструкција. До почетокот на 1970-тите го користела граничната патрола, но потоа се распаднал.

Во јули 2021 година, мостот бил обновен од страна на планинарскиот клуб „Ентузијаст“ од Струмица и е достапен за планинари, велосипедисти и мотоциклисти.

Наводи

Категорија:Општина Ново Село Категорија:Беласица Категорија:Мостови во Македонија