Хидемаса Морита (роден на 10 мај 1995 година, во Такацуки) — јапонски фудбалер, играч од средниот ред на и на јапонската репрезентација.
Биографија Роден во Такацуки, префектурата Осака, Морита учел средно училиште во Конко, a потоа студирал на универзитетот Рјуцу Кеизаи, играјќи фудбал за тимот на универзитетот, со кој (во својата четврта година на универзитет) во 2017 година го освоил универзитетското првенство, каде бил прогласен и за најдобар играч на турнирот.
Во 2019 година, Морита стапил во брак со моделот Реина Фуџисака; двојката има ќерка родена во 2022 година.
Клупска кариера Кавасаки Фронтале Својата професионална кариера Морита ја започнал во 2018 година, приклучувајќи се на Кавасаки Фронтале, клуб од Ј1 лигата. Своето професионално деби го имал на 10 февруари 2018 година, во поразот со 3-2 од Серезо Осака во Суперкупот на Јапонија, заменувајќи го Јусуке Тасака во 52-рата минута. На 14 април, тој го имал својот прв старт во почетната постава во натпреварот против Вегалта Сендај. После тоа, тој успеал да обезбеди поактивна улога во тимот, давајќи важен придонес во освојувањето на јапонското првенство.
Следната година, Морита играл во АФК Лигата на шампионите 2019, правејќи го своето деби во натпреварувањето против кинескиот Шангај Порт, во натпревар во кој обезбедил асистенција за голот на Шого Танигучи во ремито 2-2. Во 2019 година со клубот го освоил Купот на Јапонија, постигнувајќи го својот прв гол во кариерата на патот до таму, во победата со 3-1 против Кашима Антлерс во полуфиналето, но за жал поради повреда нема да го игра финалето каде Кавасаки Фронтале го победиле Консадол Сапоро.
Во 2020 година, тој ја освоил својата втора лична титула во Ј1 лигата, по изданието во 2018, постигнувајќи само еден гол во првенството во поразот со 3-1 од Урава Ред Дајмондс. Сепак, неговите одлични игри со кои му помигнал на клубот да ја освои титулата довеле до тоа да биде избран во Најдобрите единаесет во Ј1 лигата, заедно со уште осум играчи на Кавасаки Фронтале.
Санта Клара На 8 јануари 2021 година, Морита се преселил во Португалија каде играл за Санта Клара. Неговиот прв натпревар во Примеира лигата (најсилната дивизија на португалскиот фудбал), бил на 25 јануари против Рио Аве, каде веќе на своето деби Морита постигнал гол и тоа победничкиот за својот тим во успехот со 2-1. Потоа, постигнал уште еден гол во победата над Фаренсе со 4-0. Под водството на тренерот Даниел Рамош, Морита одиграл 20 натпревари на кои постигнал два гола во Примеира лига 2020-2021, придонесувајќи за освојувањето на шесттото место во најсилната лига на Португалија - што е најдобриот пласман на Санта Клара во историјата на клубот - и за тоа клубот да се квалификува за новосоздаденото европско натпреварување, УЕФА Лигата на конференции.
Следната сезона дебитирал во европски купови, играјќи во победата на Санта Клара во Скопје над македонскиот претставник Шкупи со 3-0, во второто квалификациско коло на УЕФА Лигата на конференции 2021-2022. Својот прв гол во споменатото натпреварување го постигнал на 19 август 2021, во победата на домашен терен над српскиот Партизан со 2-1. Во првенството, Морита одиграл 28 натпревари и постигнал еден гол, продолжувајќи да пружа солидни партии кои наскоро ќе му донесат интерес од други поголеми клубови и ќе го натераат да ја промени средината.
Спортинг Лисабон На 1 јули 2022 година, Спортинг Лисабон го официјализирале трансферот на Морита од Санта Клара за кој платиле околу 3.5 милиони евра. Своето деби за клубот го направил на 7 август, играјќи во ремито 3-3 против Брага на отворањето на првенството. На 7 септември, тој го направил своето деби во Лигата на шампионите против Ајнтрахт Франкфурт. На 30 септември, тој го постигнал својот прв гол за лавовите во победата со 3-1 над Жил Висенте. На 8 октомври, Морита постигнал гол на гостувањето кај неговиот поранешен клуб Санта Клара, во победата на Спортинг со 2-1. На 1 февруари 2023, Морита ги постигнал првите два гола во победата со 5-0 на домашен терен над Брага. Под водството на тренерот Рубен Аморим, првата сезона во Спортинг ја завршил со 29 настапи и 6 гола во првенството; тој, исто така, имал важна улога и во европските натпреварувања каде собрал 10 настапи помеѓу Лигата на шампионите и Лигата на Европа, помагајќи лавовите да стигнат до четвртфиналето во второто натпреварување каде биле елиминирани од .
Репрезентативна кариера Своето деби за јапонската репрезентација, Морита го направил на 11 октомври 2018 година во победата со 3-0 во пријателски натпревар против , влегувајќи како замена во 82-рата минута на местото на Сеи Муроја.
Во јануари 2019 година, тој бил повикан за Азискиот куп 2019, но поради повреда морал да се повлече и бил заменет од Цукаса Шиотани.
Во март 2021 година, тој бил повикан во националниот тим за прв пат по нешто помалку од две години, а на 30 март го постигнал својот прв гол за репрезентацијата во победата со 14–0 против Монголија во квалификациите за Светското првенство 2022; последователно, на 1 ноември 2022 година, Морита бил избран во составот на Јапонија за мундијалот во Катар. Таму, тој одиграл три од четирите натпревари на Јапонија, вклучително и оној во осминафиналето, по кој неговата репрезентација била елиминирана откако загубиле од по изведување на пенали. Морита бил заменет во второто продолжение и не бил меѓу изведувачите за Јапонија.
На 1 јануари 2024 година, тој бил повикан за Азискиот куп 2023 каде постигнал и еден гол, во поразот со 2-1 од во четвртфиналето, кој за јапонците значел елиминација од турнирот.
Хронологија на репрезентативните настапи
Статистика на кариерата Клупска статистика Статистиката е ажурирана на 26 мај 2023. Сезона Клуб Првенство Национален куп Континентален куп Останати купови Вкупно Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Наст Гол 2018 Кавасаки Фронтале Ј1 26 0 КЏЛ+КИ 0+4 0 АЛШ 5 0 СЈ 1 0 36 0 2019 Ј1 23 0 КЏЛ+КИ 4+2 1+0 АЛШ 4 0 СЈ 1 0 34 1 2020 Ј1 32 1 КЏЛ+КИ 4+2 0 - - - - - - 38 1Вкупно Кавасаки Фронтале 81 1 16 1 9 0 2 0 108 2 јан.-јун. 2021 Санта Клара ПЛ 20 2 КП 1 0 - - - - - - 21 2 2021-2022 ПЛ 28 1 КП+ЛКП 1+3 0 ЛК 6NeВо квалификациските кола. 1 - - - 38 2Вкупно Санта Клара 48 3 5 0 6 1 - - 59 42022-2023 ПЛ 29 6 КП+ЛКП 1+2 0 ЛШ+ЛЕ 5+4 0 - - - 41 62023-2024 ПЛ 14 1 КП+ЛКП 0+0 0+0 ЛЕ 5 0 - - - 19 1Вкупно Спортинг Лисабон 43 7 3 0 14 0 - - 60 7Вкупно во кариерата 186 13 25 1 29 1 2 0 242 15
Титули Клупски Кавасаки Фронтале Ј1 лига : 2 2018, 2020 Куп на Императорот : 1 2020 Куп на Ј лигата : 1 2019 Суперкуп на Јапонија : 1 2021
Спортинг Лисабон Примеира лига : 2 2023-2024, 2024-2025
10px Куп на Португалија : 1 2024-2025
Репрезентативни Универзијада: 1 2017
Поединечни Тим на сезоната во Ј1 лигата: 1 2020
Наводи
Надворешни врски
Хидемаса Морита на soccerway Хидемаса Морита на transfermarkt Хидемаса Морита на espn Хидемаса Морита на whoscored
Категорија:Живи луѓе Категорија:Јапонски фудбалери Категорија:Фудбалери на ФК Спортинг Лисабон Категорија:Фудбалери на ФК Хал Сити