Битка кај Кресна — борба меѓу главниот штаб на македонското востание против Отоманската војска во Кресненско. Главниот командир на македонската војска бил Стојан Карастоилов кој патувал со неговата чети од Србиново, Горноџумајско до Кресна каде бил сместен турскиот гарнизон. После борбата почнало Македонското востание.144 години од македонското востание во Кресна – Пиринска Македонија (2022) од Антропол

Вовед После неуспехот на Разловечкото востание, Димитар Поп-Георгиев Беровски планирал да организира востание во Пиринска Македонија. Основал комитет во Горна Џумаја со Иљо Малешевски, Стојан Карастоилов и Натанаил Охридски. По повод на Берлинскиот конгрес, Натанаил го основал комитетот „Единство“ во Велико Трново и го проширил нејзиното влијани во Ќустендилско и Горноџумајско. Побарале реформи во Етничка Македонија од Отоманското Царство но тие никогаш не бил спроведени.

Околу крајот на септември 1878 година, во Горна Џумаја, било организирано средба со останатите македонски војводи и ајдути. Се согласиле во организирање на востание. За почетно место отпрвин бил предложен градот Делчево. Но Стојан Карастоилов, тогашниот главен војвода, сметал дека посоодветно би било во Кресна.

Борбата и последици

Меѓу 13-16 октомври 1878 година, во с. Србиново, околу два часа до Кресна, се групирале четите на војводите Стојан Карастоилов, Тодор Паласкарја, Коста Кукето, Кочо Љутата, Стојо Торолинко и други. На 15 октомври им се придружила и четата на капетанот Адам Калмиков. Ноќта на 16 спрема 17 октомври четите се поделија на 4 групи и од с. Србиново се сместиле во Симитли, Карастоилов бил назначен за главниот командир и одлучил да ги приклучи сите чети во една група со 400 војници, и се сместиле кај планините околу Кресна. Во зората на 17 октомври 1878 година турскиот гарнизон, сместени во селскиот ан, биле нападнати.

Борбата траела 15 часа и после поразот двајцата јузбашии биле ликвидирани и целиот турски гарнизон заробен. Со битката почнало Македонското востание, околиските села биле ослободени со исклучок на Влахи.

Наводи

Литература __БЕЗСОДРЖИНА__

Категорија:Историја на Пиринска Македонија Категорија:Македонско востание Категорија:Воена историја на Македонија Кресна Категорија:Судири во 1878 година Категорија:Македонија во 1878 година