мини|Алба Баптиста 2018 Алба Баптиста (родена на 10 јули 1997 година) е португалска глумица. Кариерата ја започна во родната Португалија во серија од 2014 година. Потоа глумела во повеќе португалски серии и филмови. Од 2020 до 2022 година, таа глуми во серијата „Воин калуѓерка“ на Нетфликс, која го одбележа нејзиното деби на англиски јазик.
Живот и кариера Баптиста е родена во Лисабон, Португалија. Нејзината мајка со португалско потекло, го запознала нејзиниот татко, бразилски инженер од Рио де Жанеиро, кога работела како преведувач во Бразил. Учела во германско училиште во Португалија. На околу 15 години, таа одлучла да стане глумица.
На 16-годишна возраст, Алба Баптиста ја започнала својата кариера како главен лик во краткиот филм на Симао Кајат, Мајами . За нејзината изведба ја добила наградата за најдобра глумица. Таа ја продолжила својата кариера со појавување во португалска серија, и теленовели. Во текот на следните години, Алба развила кариера во Португалија, а имала и улоги во три популарни португалски серии. Во 2019 година таа се појави во филмот Патрик, кој бил во конкуренција на Меѓународниот филмски фестивал во Сан Себастијан, каде што бил премиерно прикажан. Таа се појавила во играниот филм од 2020 година Фатима заедно со Харви Кајтел, Соња Брага и Џоана Рибеиро, кој е во режија на Марко Понтекорво.
Нејзината прва улога на англиски јазик дојде како главна улога на Ава во серијата „Воин калуѓерка“ на Нетфликс, која била објавена на 2 јули 2020 година Таа се појавува во втората сезона, која беше објавена на 10 ноември 2022 година.
Личен живот Баптиста се омажила со американскиот актер Крис Еванс на 9 септември 2023 година на приватна церемонија во сопствениот дом на Кејп Код во Масачусетс.
Наводи
Категорија:Живи луѓе Категорија:Родени во 1997 година Категорија:Португалски глумци