Димитар Христов Зограф — зограф и иконописец од XIX век, претставник на Самоковската школа.

Животопис лево|мини|326x326px|„Христос Седржител“ од Димитар Зограф, XIX век, Роден е во 1796 г. во градот Самоков, Бугарија, тогаш во Отоманското Царство. Бил син на иконописецот Христо Димитров и постар брат на Захариј Зограф. Во 1822 г. се оженил со Христијанија. Повеќето од неговите 7 деца (Зафир, Никола, Захариј и Иван) станале иконописци.

Бидејќи речиси никогаш не се потпишувал, точниот број на негови дела не може да се утврди. Очигледно тој творел во црквите „Св. Недела“ во Пловдив (ок. 1836), „Рождество на Пресвета Богородица“ во Скопје (1838), „Св. Никола“ во Плевен (1847) и во Тројанскиот манастир (ок. 1840), како и дел од фреските во главната црква на Рилскиот манастир. Неговото последно (и единствено потпишано) дело е во црквата „Св. Никола“ во Самоков (1860).

Се претпоставува дека од Димитар Зограф се изработени иконите во црквата „Св. Атанасиј“ во кочанското село Оризари заради стилските особености. Исто така се претпоставува дека негови се три недатирани икони во црквата „Св. Ѓорѓи“ во Кочани.

Литература

Свинтила, В. Икони од Самоковската школа. С., 1979, 52, 54 – 55, 58 – 61, 64 – 68. Генова, Е., М. Стојкова (уред.) Димитар Христов Сликар од Самоков (ЦД-ром). С., 2007 година. Митрева, Н., И.Патев, Л.Николов, Димитар Христович Зограф 1796 – 1860. Самоков, 2011 г. Генова, Е. Втората генерација зографи од Самоковската сликарска школа: Димитар Христов зограф, Јоан Николов иконописец, Костадин Петрович Валов. С., 2012, 13-150.

Наводи

Категорија:Бугарски зографи Категорија:Бугарски уметници Категорија:Родени во Самоков (Бугарија) Категорија:Починати во Самоков (Бугарија)