Али Беј или Алибејќој — поранешно село во Серско, Егејска Македонија, на територијата на денешната општина Сер во областа Централна Македонија, Грција.
Географија Селото се наоѓало јужно од градот Сер, крај денешните села Какараска и Сал Маала.
Историја Во XIX век Али Беј било мешано село во Серската Каза на Серскиот Санџак.
Христијанското население на селото било под влијание на Цариградската патријаршија. Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 г., во селото Али Беј имало 110 жители, од кои 60 Македонци и 50 Роми.
За време на Првата балканска војна селото е окупирано од бугарска војска, а по Втората балканска војна во 1913 г. е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор. Таа година селото броело 800 жители, што укажува дека во меѓувреме во селото биле населени семејства од други населби. На пописот од 1920 г. Али Беј имал само 78 жители. Во подоцнежните пописи не се спомнува, така што се смета за присоединето со градот Сер.
Наводи
Категорија:Историски села во Сер