1500 Португалскиот мореполовец Педро Алварес Кабрал го открил Бразил и го прогласил за имот на Португалија. 1791 Донесен е т.н. Устав од 3 мај, а подоцна истиот ден бил усвоен од Сејмот на Полско-литванската Државна Заедница. Овој устав бил втор во Европа и трет во светот (прв устав претставува уставот на Сан Марино, а втор е американскиот устав од 1787 година). 1814 Францускиот крал Луј XVIII се вратил во Париз по поразот на Наполеон во Битката кај Ватерло. 1841 Нов Зеланд бил прогласен за британска колонија по потпишувањето на Договорот од Ваитанги помеѓу британската круна и маорските племиња претходната година. 1922 Во Париз е основан Меѓународниот железнички сојуз. 1945 Народната влада на Демократска Федеративна Македонија, по предлог на Комисијата за јазик и правопис при Министерството за просвета донела решение за утврдување на македонската азбука. Азбуката првпат била отпечатена во весникот „Нова Македонија“ број 104, на 4 мај 1945 година. 1946 Во Токио започнало заседанието на Меѓународниот суд за Далечниот Исток на којшто им се судело на јапонските воени злосторници во текот на Втората светска војна. 1979 Со убедлива победа на конзервативците на британските парламентарни избори, Маргарет Тачер станала прва жена премиер во британската историја. 3 мај
Źródło i licencja
Na podstawie: Wikipedia — 3 мај (настани) · historia autorów.
Tekst: CC BY-SA 4.0.
Informacja o opracowaniu
Usunięto składnię wiki i szablony; dłuższe teksty skrócono.