Мертатово (познато и како Мертатево или Мертат; , Ксиротопос; до 1927 г. Μερτάτη, Мертати) — село во Серско, Егејска Македонија, денес во општината Сер на Серскиот Округ, Грција. Населението брои 106 жители (2021) и до денес е целосно населено со Македонци.

Географија и местоположба Селото се наоѓа во јужните падини на планината Шарлија, на 15 км северно од градот Сер, во долината на реката Серовица, на надморска височина од 720 м.

Историја Во XIX век Мертатово бил македонско село во Серската Каза на Серскиот Санџак. Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. во Мертат (Mertate) имало 68 домаќинства и 230 жители Македонци.

Според Стефан Верковиќ во 1889 г. во селото имало 95 македонски домаќинства. Тој пишува за Мертатово:Во 1891 година Георги Стрезов за селото напишал:На почетокот на XX век целото население на Мертатово било под врховенството на Цариградската патријаршија, но по Илинденското востание на почетокот од 1904 г. прешло под врховенството на Бугарската егзархија. Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 г., во селото Мертатово имало 500 жители, сите Македонци. По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во Мертатово имало 680 Македонци под врховенство на егзархијата и во селото работело бугарско училиште.

Во Првата балканска војна, 1 лице од селото се вклучило во Македонско-одринските доброволни чети.

Во Грција За време на Првата балканска војна селото е окупирано од Бугарија, но по Втората балканска војна во 1913 г. е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор. Таа година селото броело 331 жител, кои поради војните во 1920 г. се намалиле на 243 лица.

Под притисок од грчките власти, 70 Македонци принудно биле иселени во Бугарија. Во селото никогаш не биле сместена бегалци, така што останало чисто македонско. Во 1927 година, името на селото било променето во Ксиротопос (Ξηρότοπος), во превод „суво место“.

Селото прилично настрадало за време на Граѓанската војна (1946 - 1949), кога населението се повлекло во полските села. Исто така неколку семејства побегнале во внатрешноста на Пиринска Македонија и Бугарија (во Свети Врач, Атолово и Асеновград).

Стопанство Населението произведува компири, жито и други земјоделски производи, а внимание му се посветува и на сточарството.

Население

Самоуправа и политика Во 1920 година, селото станало самостојна општина. Општината Мертатово била приклучена во општината Сер во 1947 година.

Селото припаѓа на општинската единица Сер со седиште во истоимениот град, која припаѓа на поголемата општина Сер, во округот Сер. Воедно, селото е дел од општинскиот оддел Сер, во кој е влегуваат истоимениот град и селата Заба и Метох.

Личности Родени во Мертатово

Никола Димитров (1891 - ?) — борец во Македонско-одринските доброволни чети, во четата на Стефан Чавдаров, III чета на XV Штипска дружина

Наводи

Категорија:Сер (општина) Категорија:Шарлија