Низиско (, Фрурио; до 1961 г. Παλιάλωνα, Палијалона; до 1928 г. Νιζισκό, Низиско) — село во Кожанско, Егејска Македонија, денес во општината Серфиџе на Кожанскиот Округ во областа Западна Македонија, Грција. Населението брои 51 жител (2011).

Географија и местоположба Селото е сместено југозападно од Серфиџе и јужно од Кожани, на 2 км источно од десниот брег на Бистрица, во подножјето на планината Камбуница, на надморска височина од 600 м.

Историја

Среден век Кај селото се наоѓаат остатоците на средновековниот град Соск.

Во Отоманското Царство Иако носи македонско (словенско) име, неговото население уште од порано има грчко потекло.

На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Низиско се води како чисто грчко село во Серфиџенската Каза на Серфиџенскиот санџак со 15 куќи.

Според статистиката на грчкиот конзулат во Еласона, во 1904 г. во Изиско живееле 90 Грци христијани.Σπανός, Κώςτας. "Η απογραφή του Σαντζακίου των Σερβίων", in: "Ελιμειακά", 2001, 48-49.

Во Грција По Балканските војни во 1913 г. селото е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор. Таа година Низиско броело 109 жители, кои во 1920 г. се зголемиле на 116 лица.

Во 1928 година, името на селото било променето во Палијалона (Παλιάλωνα). Во 1961 г. е одново преименувано, овојпат во Фрурио (Φρούριο).

Стопанство Населението произведува жито, компири и други земјоделски производи, а делумно се занимава и со сточарството.

Население

Самоуправа и политика Селото припаѓа на општинската единица Камбуница со седиште во селото Трановалто, која припаѓа на поголемата општина Серфиџе, во округот Кожани. Воедно, селото е дел од општинскиот оддел Трановалто, во кој влегуваат истоименото село и Лазарадес.

Културни и природни знаменитости Цркви

Црква „Св. Димитриј“ — изградена во XVII век, живописана во 1646-1647 г. Црква „Успение на Пресвета Богородица“ — изградена во 1738 г.

Наводи

Категорија:Серфиџе