Демиркаписки Остров — речен остров во Вардар кај селото Кошарка, во средишниот дел на Македонија. Тој е еден од десетте средореци (површина над 1 хектар) во Вардар и е трет најголем речен остров (средорек) во Македонија.
Местоположба Островот се наоѓа во средишниот дел од Демиркаписката Клисура.
Опис Должината на островот во правец сецерозапад-југоисток е околу 550 м, а неговата широчина изнесува околу 120 м, со што зафаќа површина од околу 4,8 ха.Милевски, И. (2013). „За островите во Република Македонија“. Географски разгледи, 47: 31–46. Вкупната должина на бреговата линија изнесува 1,3 км. Вегетацијата на островот се состои од дрвја, а има и богат животински свет. Островот обично е посетуван од рибари.
Поврзано Речни острови во Вардар Кошарка Вардар
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Речни острови во Вардар Категорија:Кошарка (село)