Микровалто () — село во Кожанско, Егејска Македонија, денес во општината Серфиџе на Кожанскиот Округ во областа Западна Македонија, Грција. Населението брои 333 жители (2011).

Географија и местоположба Селото е сместено југозападно од Серфиџе и јужно од Кожани, во долината на реката Бистрица, во подножјето на планината Камбуница, на надморска височина од 750 м.

Историја

Во Отоманското Царство На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Микрос Валтос се води како чисто грчко село во Серфиџенската Каза на Серфиџенскиот санџак со 42 куќи.

Според статистиката на грчкиот конзулат во Еласона, во 1904 г. во Микровалтон живееле 280 Грци христијани.Σπανός, Κώςτας. "Η απογραφή του Σαντζακίου των Σερβίων", in: "Ελιμειακά", 2001, 48-49.

Во Грција По Балканските војни во 1913 г. селото е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор. Таа година Микровалто броело 406 жители, кои во 1920 г. се намалиле на 360 лица.

Стопанство Населението произведува жито, компири, тутун и други земјоделски производи, а делумно се занимава и со сточарството.

Население

Самоуправа и политика Во 1918 година, селото станало самостојна општина, чиј атар зафаќал површина од 23 квадратни километри. Општината Микровалто била приклучена во општината Камбуница во 1997 година, која била укината во 2011 година и станала дел од поголемата општина Серфиџе.

Селото припаѓа на општинската единица Камбуница со седиште во селото Трановалто, која припаѓа на поголемата општина Серфиџе, во округот Кожани. Воедно, селото е дел од општинскиот оддел Микровалто, во кој е единствено село.

Наводи

Категорија:Серфиџе