1819 Парниот брод „Савана“, изграден во Џорџија, САД, пристигна во Ливерпул, во Велика Британија. Ова е првиот пароброд кој за само 25 дена го препловил Атлантикот. 1918 Германските воени авиони го бомбардираа Париз. Во историјата, тоа беше прво авионско бомбардирање на еден град. 1947 Хари Труман потпишал акт со кој на Грција и се дава воена и економска помош за борбата против комунизмот. Оваа помош овозможила пресврт во Граѓанската војна во Грција, и како резултат на тоа — Егзодусот на Македонците. 1967 Повеќе од 320 луѓе загинале во стоковната куќа „Иновасион“ во Брисел. 1972 Претседателот на САД, Ричард Никсон го посетил Советскиот Сојуз. Тоа било првата посета на американски претседател на СССР. 1972 Цејлон го доби називот Шри Ланка. Овој ден се прославува како национален празник на Шри Ланка. 2004 Во Мадрид, шпанскиот престолонаследник, принцот од Астурија, Фелипе Бурбонски, се венчал со поранешната телевизиска водителка Летисија Ортис. Тоа било првото кралско венчавање на територијата на Шпанија по пауза од 98 години. 2012 Отворена за јавноста радиодифузната кула „Токиско небесно дрво“, втората највисока градба во светот. 22 мај
Źródło i licencja
Na podstawie: Wikipedia — 22 мај (настани) · historia autorów.
Tekst: CC BY-SA 4.0.
Informacja o opracowaniu
Usunięto składnię wiki i szablony; dłuższe teksty skrócono.