На полето на ранохристијанската археологија во Македонија по 1944 се постигнати посебно значајни резултати, откриени се повеќе ранохристијански комплекси и на нив се изведени археолошки истражувања.

Резултатите од овие истражувања укажуваат дека на овој простор постојат повеќе градови - епископски центри. Овие големи епископски центри, како по своето градско уредување, така и со своите архитектонски објекти и нивното планирање и украсување, укажуваат дека биле изработувани под дирекно влијание на Солун и на Цариград. Македонија одиграла посебно значајна улога за трансмисија на влијанијата од Исток кон Запад и била една од териториите на чија почва долго се задржале старите источно - хеленистички традиции во архитектурата и уметноста воопшто.

На територијата на Македонија биле основани повеќе тврдини - градови во раниот византиски период или обновени антички градови, чиј живот продолжил во раниот византиски период. Откриени и проучени се повеќе ранохристијански архитектонски комплекси со профани и сакрални градби, ранохристијански некрополи, а и повеќе остатоци од архитектонска декоративна пластика, како и неколку наоди на монети од овој период. Заедно со големите површини од мозаични подови и фреско-живописот од ова време, тие претставуваат посебен придонес за запознавање на материјалната и духовната култура на овој компликуван период, како и за развојот, животот, цутењето и пропаѓањето на самите градови.

300px|мини|Поглед кон археолошкиот локалитет „Манчевци“ во Охрид Охрид и регионот околу Охридското Езеро Еден од мошне значајните центри во раниот христијански период во Македонија е стариот град Лихнид денешен Охрид, познато старо епископско седиште со многубројни црковни градби откриени последниве години во самиот град и неговата блиска околина.

Поликонхалната црква, Охрид

Оваа црква има четири конхален наос, потоа нартекс, атриум, странични анекси, катихуменион и крстилница. Црквата претставува монументален објект со необично комплицирано архитектонско решение. Четирите страни на централниот кораб минуваат во апсидни простории. Периметралниот ѕид на црквата формира полукружни коридори околу централниот простор, следејќи ги внатрешните конхи. Крстилницата е тролисна, со писцина во вид на крст. Во презвитериумот е откриена крипта. Подот на црквата бил решен со мозаик, од кој значителен дел е зачуван во наосот со геометриски, растителни и животински претстави.

Студенчишта

На два килотери од стариот Лихнид се наоѓа трикорабна базилика. Објектот има двоен атриум, потоа нартекс од кој се влегува во трикорабниот наос. На северниот дел од нартексот е анекс со апсида на источната страна. На јужната страна од нартексот се сместени катехуменионот и крстилницата со кружна писцина. Централниот кораб, нартексот и катехуменионот имаат подови изведени во мозаик со геометриски, растителни и животински мотиви. Во олтарот на катехуменионот е изведена евхаристична сцена, кантарос од бршлен со по еден паун од страна. Подовите на бочните кораби, на северниот анекс и кртилницата се изведени со тули. Објектот се датира при крајот на 5 и почетокот на 6 век.

Свети Еразмо

На пет километри еверозападно од Охрид, близу до пештерската црква од 13 век, е откриена трикорабна ранохристијанска базилика посветена на маченикот Еразмо од Антиохија, кој при крајот на 3 век престојувал во охридскиот крај. Култот спрема маченикот Еразмо е зачуван долго во традицијата на охридскиот регион. Црквата има отворен атриум со портик, нартекс и трикорабен наос. Во апсидниот простор е откриена крипта и се зачувани остатоците од олтарната преграда. Северно од нартексот е четвртест анекс, а јужно катехуменион и баптитериум со овална писцина и скалила од обете страни. Централниот брод и нартексот имаат мозаични подови со животински, флорални и геометриски орнаменти. Објектот датира од 5-6 век.

Радолишта

На еден километар западно од Струга, близу до селото Радолишта, на северниот брег на Охридското Езеро, е откриена ранохритијанска базилика. Црквата е трикорабна со нартекс о анекси еверно и јужно од објектот. Подовите во наосот и нартексот се изведени во мозаик со геометрики, растителни и зооморхни слики. Датира од 5-6 век.

Октиси

Кај селото Октиси, северно од Струга, е откриена крстилница со квадратна форма и кружна писцина. Истражувањата покажаа дека се работи за трикорабна базилика со нартекс. Во нартексот биле откриени остатоци од мозаичен под со преттава на кантаро со јагниња отстрана. Објектот датира од 5-6 век.

Дебој

На месноста Дебој, во Охрид, при изградба на училиште, е откриена ранохристијанска трикорабна базилика со ѕидови зачувана зачувани во негатив, бидејќи камен од нив бил искористен за подоцнежни градби. Наоот и нартексот на објектот имале подови изведени во мозаик со геометриски растителни и животински преттави. Објектот датира од 5-6 век.

Битолскиот регион

Видете го античкиот град Хераклеја

Суводол

Во селото Суводол, 20 км источно од Битола е откриенаа ранохристијанска базилика. Црквата е трикорабна со нартекс и ексонартекс. Ссеверно и јужно од нартексот е правоаголни простории-жртвеници. Северно од базиликата се компартименти и крстилница со крстообразна писцина. Централниот кораб бил поплочен со камени плочи, додека презвитериумот има посебен аранжман на мозаик со бордура, геометриски и зооморфни претстави. Објектот е датиран во 6 век.

Раменска тумба

На патот Битола - Охрид, во Царско Поле, е откриена трикорабна базилика со полукружна апида и нартекс и анекси од северната и јужната страна. Подовите во наосот и компартиментите се изведени од тули.

Суви Ливади

На патот Битола - Охрид е откриена трикорабна ранохристијанска базилика сместена точно на стариот антички пат Вија Егнација. Базиликата е трикорабна, со полукружна апсида и нартекс со бочни простории северно и јужно од нартексот. Подот во базиликата е решен со мозаик.

Прилепски регион

Во Прилеп и неговата најблиска околина се наоѓаат остатоци од повеќе ранохристијански базикални градби. Меѓутоа, тие не се истражени, ниту откриени. Базилики се констатирани во Трескавец, Зрзе, а делумно и во Дебреште и Браилово.

Дебраште

Десно од влезот во стариот антички град е откриени остатоци од една ранохристијанска трикорабна базилика со полукружна апсида и крстилница од северната страна. Во олтарниот простор е откриена крипта изградена од камени плочи.

Во Прилепско познати се остатоци од ранохристијански базилики во Варош под црквата Св.Богородица Пречиста со остатоци од архитектонка пластика, во Небрегово разнесена е тробродна базилика со нартекс, во Зрзе остатоци од една апсида кај црквата Преображдение и остатоци на месноста Латинска црква и во Трескавец остатоци од сполии вградени во подоцнежната црква, што припаѓаат на еден ранохристијански објект. Во Троекрсти има еден претставителен ран капител од 5 век кој припаѓал на ранохристијански објект.

Кичевски регион

Миокази

Кај селото Миокази, е откриена трикорабна базилика со големи димензии. Сè уште не е детално испитана.

Регионот околу Демир - Капија

Демир Капија е најдолгата клисура на Вардар, помеѓу котлината на Тиквеш и соседната област на Валандово. На Табула Пеутенгеријана, главниот пат којшто води од Дунав за Егејско Море, по долината на Вардар се наоѓаат градовите Скупи, Стоби, Антигониа, Стена, Идомениа.

Кај денешна Демир-Капија, Вулик до лоцира градот Стена. Самото име означува клисура и се задржува и во средниот век под името Просек. Тускиот назив Демир-Капија, има исто значење и значи Железна Врата. На секторот Црквиште е откриена трикорабна ранохристијанска базилика со полукружна апсида, нартекс и ексонартекс изградена над една доцно античка некропола. Северно од објектот е два компартимента, а северно и јужно од нартексот по една просторија - ѓаконик и жртвеник. Централниот брод имал мозаичен под, кој е растурен со дополнителни вкопувања. Во словенскиот период црквата е сведена само на централниот кораб, а страничните кораби служеле за закопувања. Базиликата е од средината на 5 и 6 век. Словенските гробови се од 9-10 и 12-14 век.

Кавадаречко

Крњево

Во селото Крњево крај реката Бошавица, откриена е трикорабна ранохристијанска базилика со полукружна апсида, нартекс и ексонартекс на култното место Св.Атанасие. Корабите биле одделени со колони. Зачуван е канцелот од олтарната преграда, која имала мермерни парапетни плочи. Подот во презвитериумот бил изведен од тули со врежани орнаменти. Објектот до датираме во 5-6 век.

Регионот околу градот Штип и текот на реката Брегалница

Областите источно од Вардар во средновековната историја одиграле посебно значење. Според соопштениeто на Хиерокла, во провинцијата Македонија Втора Салутарис, во областите иточно од Вардар, се наоѓале градовите Баргала, Келенидин, Армонија и Запара.

Баргала

Градот Баргала, се споменува и во актите на Халкидонскиот собор од 415 година. Името на градот се споменува и на еден натпис од 371 година, кој претставува спомен плоча за подигање градската порта. Плочата е најдена во месноста Ханче, на левиот брег на реката Брегалница, во атарот на с.Карбинци. Овој поменик даваа податоци каде се наоѓал античкиот град Баргала, како и за проблемите на границата на Македонија спрема Тракија и Дакија. Името на градот е од тракиско потекло.

Старата античка населба со градски карактер со името Баргала, се наоѓала кај Долни Козјак. Овој град, при крајот на 4 век, а можеби и порано бил разурнат. Жителите подигнале нов грд крај козјачка река кај Горни Козјак, што е потврдено со археолошки наоди. Овој град станал епископско седиште во 5-6 век. Епикопскиот град Баргала е разорен од аваро-аловенските напади, но брзо потоа бил населен. Црковната традиција на старото епископско седиште продолжило во словенскиот период на овој простор.

Горни Козјак

Во село Горни Козјак кај Штип, северно од козјачка река, се наоѓа раносредновековен град-тврдинаа, 280 метри долг и 150-185 метри широк. Градот претставува тврдина окружена со високи ѕидови и кули со монументални влезови и порти. Тврдината на градот со видливите остатоци од ѕидовите формира издолжен правоаголен простор крај самата река. Ѕидовите, видливи од сите четири страни, широки 2.20 метри изградени се од кршен камен поврзан со малтер. На сите четири страни се наоѓаат четвртести кули на кои ѕидовите се дебели 1-1.25 метри. Другите кули се поставени во интервали од северната и од јужната страна на тврдината. На евероисточниот агол и западниот дел на тврдината се констатирани остатоци од земјен насип долг 20 м.

Во северозападниот дел на градот, откриен е комплексот на Епикопската базилика. Базиликата е трикорабна со полукружна апсида со нартекс и ексонартекс. Западната фасада претставува тричлена аркада одделена со две колони. Нак колоните се наоѓале јонски каапители и посебни импости со крстови. Едниот од двата капитела има натпис - "Христе помогни му на твојот роб, епикопот Еремија". Натписот бил поставен на фасадата од црквата, може да се заклучи дека Еремија бил основачот на базиликата.

Две низи од седум колони го делат централниот кораб од сстраничните. Интерколумните биле затворени со парапетни плочи орнаментирани со кртови. Со истражувањата се констатирани две фази на градење во презвитериумот и се откриени два пода што биле изработени од мермерни плочи во опус сектиле.

Подовите во наосот, нартексот, ексонартексот и јужниот кораб се од правоаголни камени плочи, а северниот брод е постелен со крупен мозаик ссо геометриски и флорални орнаменти.

Северно од црквата, по целата нејзина должина, биле изградени крстилници. Откриени е две писцини. Постарата, изградена истовремено кога е подигната црквата, во редината на 5 век, и другата поголема и пораскошна при обновувањето на црквата, по 518 година, кога е разрушена и запалена. Двете фази на градење на презвитериумот во целост одговараат на двете подигнати писцини.

Јужно од црквата е еднокорабна помала базилика со добро зачуван канцел од олтарната преграда. Овој простор по рушењето на црквата е употребуван како живеалиште.