ФК Бристол Сити — англиски фудбалски клуб, од градот Бристол, Англија, кој моментално се натпреварува во Чемпионшип, второто ниво на англискиот фудбал.
Основан во 1894 година, клубот најпрво се натпреварувал во Јужната и Западната лига, станувајќи шампион на Западната лига во сезоната 1897–1898. Во 1901 година, клубот се приклучил на фудбалската лига и ја освоил втората дивизија во сезоната 1905–1906. Тие завршиле на второто место во Првата дивизија следната сезона, со три бода помалку од шампионот Њукасл Јунајтед, а потоа загубиле и од Манчестер Јунајтед во финалето на ФА Купот 1909. Откако испаднале во 1911 година, тие паднале до третото ниво во 1922 година, иако ќе ја освојат титулата во Третата дивизија - Југ во 1922–1923 и повторно во 1926–1927. Тие се вратиле во третото ниво во 1932 година, останувајќи таму додека не ја освоиле Третата дивизија - Југ повторно во 1954-1955. Во следните сезони клубот одново се движел помеѓу второто и третото ниво се до сезоната 1975-1976.
Во 1976 година, клубот изборил промоција во Првата дивизија, каде играле четири сезони пред да претрпат три последователни испаѓања почнувајќи од 1982 година. Потоа клубот минал две сезони во Четвртата дивизија, и го освил Мемберс купот (Трофејот на фудбалската лига) во 1986 година. Бристол Сити, повторно го освоил Трофејот на фудбалската лига во 2003, а во сезоната 2006-2007 избориле промоција од Лига Еден во Чемпионшип. Откако испаднале по шест сезони поминати во Чемпионшип, тие го освоиле Трофејот на фудбалската лига по трет пат во 2015 година. Истата година избориле промоција назад во Чемпионшип, со освојување на титулата во Лига Еден, останувајќи таму по таа промоција се до денес.
Своите домашни натпревари, Бристол Сити ги играат на Аштон Гејт откако се преселиле од Сент Џонс Лејн во 1904 година. Официјалните бои на клубот се црвената и белата, а нивниот прекар е Робинс — црвеногушка која што се наоѓа и на амблемот на клубот од 1976 до 1994 година и од 2019 година наваму. Нивните главни ривали се Бристол Роверс, со кои се натпреваруваат во Дербито на Бристол и Кардиф Сити, со кого се натпреваруваат во прекуграничното Севернсајд дерби.
Играчи Моментален состав
Титули Втора Дивизија : 1 1905-1906
Трета Дивизија - Југ : 3 1922-1923, 1926-1927, 1954-1955
Лига Еден : 1 2014-2015
Трофеј на фудбалската лига на Англија : 3 1985-1986, 2002-2003, 2014-2015
Куп на Велс : 1 1933-1934
Статистика Учества во првенства Ниво Категорија Учества Деби Последна сезона Вкупно 1º Прва дивизија / Премиер лига 9 1906-1907 1979-1980 9 2º Втора дивизија / Чемпионшип 55 1901-1902 2022-2023 553º Трета дивизија / Втора дивизија / Лига Еден 42 1922-1923 2014-2015 424º Четврта дивизија / Трета дивизија / Лига Два 2 1982-1983 1983-1984 2
Надворешни врски Официјално мрежно место
Бристол Сити