Власите во Албанија (; ) — официјално признаено етничко малцинство во Албанија.

Етноними Власите во Албанија официјално се нарекуваат малцинство Арумун. Локалното население често ги нарекува Vllehë, Çobenjë (од турски çoban, „овчар“), Xacët или Xinxarët, Gogët и Llacifacët.

Историја Власите првпат биле признати на Лондонската конференција од 1912-1913 г. како малцинска група во Албанија. Се бореле против Отоманското Царство заедно со Србите и Грците за време на Балканските војни.

За време на комунистичкиот режим во Албанија, Власите не биле признати како посебна малцинска група. По падот на комунизмот во Албанија, дошло до заживување на етничкиот влашки идентитет во земјата. Асимилацијата и идентификацијата биле и продолжуваат да бидат сложено прашање кое се однесува на Власите од Албанија и пошироко на Балканот.

Историски населби Москопол лево|мини|200x200пкс| Украсен егзонартекс на црквата Свети Атанасиј во Москополе Градот Москопол () некогаш бил дом на најголемото влашко население во светот. Бил културен и трговски центар на Власите со население од над 3.500 луѓе. Градот бил срамнет со земја од Али-паша Јанински во 1788 г., предизвикувајќи егзодус на Власите низ Балканот. Многу од нив завршиле во оние што подоцна станале Македонија, Албанија и Грција. Најмногу Ароманци имало во регионот на Баба во Македонија, градот Крушево и околу Преспанското Езеро. Москополитците (Moscopoleanji на влашки), е едно од најголемото население на Ароманци денес. Тие зборуваат на грабовејскиот/москополскиот дијалект на влашкиот и се потомци на Грабовејците/Москополеците во Крушево (влашки: Crushuva) денес се целосно призната малцинска група според уставното право на Македонија.

Грабова десно|мини|200x200пкс| Поглед на Грабово Грабова бил средновековен град создаден во 10 век. Власите во неколку наврати го напуштале Грабово, иако населбата никогаш не била целосно напуштена. Првиот бран на депопулација се случил во 17 век, кога Грабова ја споделила судбината на Москопол и за време на меѓувоениот период, почнувајќи од 1931 г. многу Грабоварци емигрирале во Елбасан и Лушње. Во 1933 година, 15 семејства од селото се иселиле во Романија; првично се населиле во Јужна Добруџа, а потоа, во 1940 година, во селото Нисипари, округот Констанца, од каде што се преселиле во поголемите блиски градови (Меџидија, Овидиу, Констанца). Друга важна имиграција започнала во 1950 година, кога комунистичките власти ги користеле занаетчиите од Грабова да ги изгради индустриските единици во Корча, Поградец, Грамеш, Елбасан и Тирана. Грабочани зборуваат на грабовејски/москополески дијалект на влашки.

Култура

Религија лево|мини|200x200пкс| Црквата Света Марија во Москопол Власите во Албанија се претежно православни христијани како и останатите Ароманци. Во Корча (, , или ), тие имаат црква на влашки јазик по име Свети Сотир (). Прво изградена во 1925 година, црквата била урната од албанските комунистички власти во 1959 година. Била реконструирана од 1995 до 2005 година. Црквата Свети Сотир во Корча е една од ретките цркви во Албанија што му служи на влашкото малцинство во земјата.

Медиуми Медиумите на влашки јазик ги вклучуваат весниците Popullorë и Ta Néa tis Omónias, и двата се прогрчки. Има и весници Frația Vëllazëria и Fratsilia кои се објавуваат нередовно.

Образование Од 2001 година нема официјално образование на влашки.

Демографија Не се знае точното присуство на влашката заедница во Албанија. Според пописот во 2011 г., 8.266 луѓе се изјасниле како Ароманци. За квалитетот на конкретните податоци, Советодавниот комитет за Рамковната конвенција за заштита на националните малцинства изјавил дека „резултатите од пописот треба да се гледаат со најголема претпазливост и ги повикува властите да не се потпираат исклучиво на собраните податоци за националноста за време на пописот при утврдувањето на нејзината политика за заштита на националните малцинства“. Според Том Винифрит во 1995 година, имало околу 200.000 поединци кои биле со влашко потекло и живееле во Албанија, без разлика на познавање на влашки, или зборувале влашки без да мора да се сметаат за посебен идентитет. Според Френк Кресинг и Карл Касер во 2002 година, во Албанија имало меѓу 30.000 и 50.000 Ароманци. Во 2004 година Арно Танер ја посочил Албанија како единствена земја каде Власите сочинуваат релативно значаен процент од населението, околу 2%.

Според пописот спроведен во 2011 година во Албанија, претставници на влашката заедница во земјата изјавиле дека резултатите не ја одразуваат вистинската бројка на влашкото население во Албанија.

Список на населени места Во Албанија, влашките заедници го населуваат Москопол, нивната најпозната населба, округот Колоња (каде што се концентрирани), четвртина од Фиер (), додека влашкиот се изучувал, како што запишал Том Винифрит, во основните училишта во Андон Почи во близина на Ѓирокастро, во близина на Саранда и Борово во близина на Горица (, , или ) (1987). Еден романски истражувачки тим заклучил во 1960-тите дека Албанците Ароманци мигрирале во Тирана, Стан Карбунаре, Скрапар, Полјани, Билишта и Корча и дека тие ги населувале Караја, Лушње, Москополе, Дреново и Бобоштица (влашки Бубуштица). десно|мини|377x377пкс лево|мини|291x291пкс| Процент на Ароманци во албанските окрузи, околу 1900 година

Централна Албанија Музаќа () е област во југозападно-средна Албанија која опфаќа делови од округот Фиер (). Има големо влашко население распространето низ многу села. Влашките жители на Музаќа се нарекуваат Музачиари или Музачиренџи на влашки.

Горно Грабово ()

Јужна Албанија

Белградска област

Вана

Валонска област

Селеница () Џаре () Кардикак

Ѓирокастровска област

Ѓирокастро Хумелица () Големо Лабово Ќесторат () Стегопул () Сараќиништа Селци Загорија () Фрашер () Премет Черешово () Леуса

Горичка област Голем дел на Власите има во Југоисточна Албанија.

Москополе () некогаш просперитетен влашки центар и денешно село Воскопоје. Горица (, , или ) Високуќи () Дреново () Бобоштица () Дарда Лесковик

Статус на малцинство Власите првпат биле признати на Лондонската конференција од 1912-1913 година како малцинска група до комунистичката ера (1967 година). Од 1967 година до 1992 биле познати просто како Албанци, а од 1992 година до 2017 година биле познати како културно и јазично малцинство. Во 2017 г., Власите биле официјално признаено етничко малцинство во Албанија.

Постојните политички поделби меѓу влашкото население во Албанија се прогрчките и само влашките фракции, кои се најбројни групи, како и пророманската фракција, помалку бројна. Сите Ароманци го промовираат своето влашко етничко потекло, но се разликуваат по тоа што различно го дефинираат својот национален идентитет. Имено, прогрчката група би се согласила со мнозинството Ароманци во Грција дека се национално Грци со влашки јазични и културни особини. Сепак, оние кои поддржуваат целосно различен влашки идентитет тврдат дека тие се и национално и етнички Ароманци и би негирале дека имаат грчка или романска национална свест.

Власите имаат своја политичка партија во Албанија. Позната е како Алијанса за еднаквост и европска правда (АЕЕП), била основана во 2011 година и целта на партијата е да дојде до обединување на сите Албанци Ароманци. Постојат само уште две влашки политички партии во светот, Демократскиот сојуз на Власите на Македонија (ДСВМ) и Партијата на Власите на Македонија (ПВМ), двете во Македонија.

Образование десно|мини|200x200пкс| Универзитет во Тирана, Факултет за странски јазици На Универзитетот во Тирана, Факултетот за странски јазици го нуди влашкиот јазик.

Медиуми Медиуми на влашки јазик во Албанија се РТСХ 2 и РТСХ Ѓирокастро. РТСХ 2 се емитува од понеделник до петок, и емитува вести и програми на влашки јазик, додека РТСХ Ѓирокастро се емитува само еднаш неделно. Покрај ТВ медиумите постои и интернет радиото РТВ Армакедон, весникот Fratia, списанието Fãrshãrotu и Arumunët/Vllehtë.

Значајни луѓе од Албанија Образование:

Даниил Москополец (1754–1825) — влашки научник од денешна Албанија Аурел Пласари - албански интелектуалец Ило Митке Ќафезези - албански интелектуалец Митруш Кутели — албански писател, литературен критичар и преведувач

Финансии:

Семејство Мочиони - австроунгарско банкарско и филантропско семејство.

Уметност/музика:

Алберт Верија (1936-2015) - албански актер Сандер Проси (1924-1985) - албански актер Никола Зораќи (1928–1991) - композитор Виолета Мануши (1926-2007) - глумица Маргарита Џепа (1932-) - глумица Ндричим Џепа (мајка Ароманка) (1957-) - актер Ели Фара (1968-) - пејачка и текстописец Јанаќ Пачо (1914-1991) - албански скулптор Јаков Ксоша (1923-1979) - албански автор и писател Парашќеви Симаку (1966-) - поранешен албански музичар.

Политика:

Димитер Тутулани (19 март 1857 – 1937), албански адвокат и политичар Рита Марко (1920-2018) - претседател на албанското Политбиро Лири Геро (1926-1944) - албанска маченичка и хероина од Втората светска војна Теодор Хеба (1914-2001) — Албанец претседател на Политбирото од 1950 до 1951 година Нако Спиру (1918-1947) — албански комунистички политичар Лазар Фундо (1899-1944) - албански комунист, поранешен член на балканската комунистичка федерација, прочистен во 1944 година Атанас Шунди (1892-1940) - албански политичар, фармацевт и ран поддржувач на Албанската православна црква

Религија:

Дамјан од Албанија (1886-1973) - архиепископ на Албанската православна црква од 1966 до 1967 г. Нектариј Терпос (крајот на 17-18 век) свештеник и автор Теодор Кавалиотис (1718–1789) — грчки свештеник и учител Јоакеим Мартианос (1875-1955) - грчки свештеник и учител

Спорт:

Теохарис Траша (1985-) - кревач на тегови Герт Траша (1988-) - кревач на тегови

Друго:

Маргарита Тутулани (1925 – 6 јули 1943) антифашист

Галерија

Поврзано

Власите во Бугарија Власите во Грција Власите во Македонија Власите во Романија Власите во Србија Москополе

Наводи

Литература

Надворешни врски

Категорија:Народи во Албанија