Аралското Езеро — солено езеро на границата помеѓу Казахстан и Узбекистан, со површина од околу 33 800 km2. Во минатото, ова езеро било многу поголемо, но во последните 50 години се намалило поради намалениот доток на вода, предизвикан од хидролошките работи на двете негови притоки, реките Аму Дарја и Сир Дарја. Притоа, падот на нивото на водата предизвикал влошување на локалната клима, зголемување на соленоста и изумирање на растителниот и животинскиот свет. Сето тоа довело до потполно изумирање на рибарството и индустријата која е поврзана со рибарството. Некогашното пристаниште денес се наоѓа на 50 км од брегот. Во 1994 година започнале да се применуваат мерки со цел да се зачува езерото и да се намали трошењето на водата од реките кои се влеваат во него.

Поврзано

Узбекистан Казахстан Сир Дарја Аму Дарја

Надворешни врски

Видеа за Аралското Езеро

Наводи

Категорија:Езера во Казахстан Категорија:Аралско Езеро Категорија:Меѓународни езера во Азија