мини|Постер Нов бран (француски: Nouvelle Vague) — движење во францускиот филм во 1950-тите во кое доаѓа до израз стремежот на авторите за потполна уметничка слобода, наспроти строгите системи на работа во филмските студија. Најважни претставници на „новиот бран“ се: Клод Шаброл, Жан-Лик Годар, Ерик Ромер, Франсоа Трифо и Ањес Варда.

Опис Филмовите од „новиот бран“ се одликуваат со опуштена структура, со многу импровизација во кадрирањето, во начинот на раскажувањето на филмската приказна и во изведбата на глумците. Режисерите не располагале со големи буџети, но со иновативниот и оригинален пристап оствариле големо влијание врз развојот на современиот филм.Циклус филмова Ерика Ромера: „Знак лава“ (пристапено на 22.4.2024)

Наводи

Категорија:Филм