Британска Колумбија ( англиски: British Columbia, француски: ''Colombie-Britannique'') е западна провинција на Канада, која се наоѓа помеѓу Тихиот Океан и Карпестите планини. Со население од околу 4.8 милиони во 2017, таа е третата најнаселена провинција во Канада која воедно е позната и по нејзините природни убавини, како што се отсликува во нејзиното латинско мото: Splendor sine occasu („Сјај без намалувања“). Во 1871 година, таа стана шестата провинција на Канада.
Главен град на Британска Колумбија е Викторија, 15-та по големина метрополитенска област во Канада. Најголемиот град е Ванкувер, трета метрополитенска област во Канада по големина и втора по големина во северозападниот дел на Тихиот Океан.
Име Името на покраината било избрано од страна на кралицата Викторија, кога покраината станала континентална британска колонија во 1858 година.Martin, Ged (1978). "The Naming of British Columbia". Albion: A Quarterly Journal Concerned with British Studies. 10 (3): 257–263. JSTOR 4048132. Тоа упатува на округот Колумбија, британски назив за територијата околу реката Колумбија, во југоисточна Британска Колумбија, како што пред Орегонскиот договор се нарекувал округот Колумбија во САД.Akrigg, Helen B. and G.P.V. (1977). British Columbia Chronicle, 1847–1871: Gold & Colonists (illustrated ed.). Discovery Press.
Географија мини|Релјефот на Британска Колумбија Британска Колумбија на запад се граничи со Тихиот Океан, на северозапад со американската држава Алјаска, на север со Јукон и со Северозападните територии, на исток со провинцијата Алберта, и на југ со државите на САД: Вашингтон, Ајдахо и Монтана. Тековната јужна граница на Британска Колумбија е утврден со Орегонскиот договор од 1846, иако неговата историја е врзана со земји далеку на југ, како Калифорнија.
Површината на Британска Колумбија изнесува 944.735 км2. Крајбрежјето на Британска Колумбија се протега на 27.000 километри и вклучува длабоки, планински фјордови и околу шест илјади острови, од кои повеќето се ненаселени. Главен град на Британска Колумбија е Викторија, кој се наоѓа во југоисточниот дел од врвот на островот Ванкувер. Само тесен појас на островот Ванкувер, од реката Кампбел до Викторија, е позначително населен. Поголемиот дел од западната страна на островот Ванкувер и остатокот од крајбрежјето се прекриени со умерена прашума.
Најнаселен град на покраината е градот Ванкувер кој не е на островот Ванкувер туку се наоѓа на устието на реката Фрејзер и Џорџија Стрејт во југозападниот континентален дел (област наречена Долно Копно). алт=Outline map of British Columbia with significant cities and towns.|мини|Мапа на Британска Колумбија со некои позначајни населени места и градови Други поголеми градови се Сари, Брнаби, Кокитлам, Ричмонд, Делта и Њу Вестминстер во Долно Копно; Аботсфорд, Пит Мидоус, Мејпл Риџ и Легли во долината Фрејзер; Нанаимо на островот Ванкувер, и Келовна и Камлупс во внатрешноста. Принц Џорџ е најголемиот град во северниот дел на покраината.
75% од провинцијата се планини (со над 1.000 метри надморска височина), 60% се шуми, а само околу 5% е обработливо земјиште. мини|200x200пкс|The Okanagan region has a climate suitable to vineyards. Областа Оканаган е една од трите вински региони во Канада каде се произведува и квалитетна цидра. Градот Пентиктон, и руралните населени места Оливер и Осојос имаат некои од најтоплите и најдолгите лета во Канада. Голем дел од западниот дел од островот Ванкувер и остатокот од крајбрежјето е покриено со умерени прашуми. Овој регион кој вклучува делови на западниот брег на Соединетите Американски Држави е еден од неколкуте такви екосистеми во светот (забележани во Турција, Грузија, Чиле, Нов Зеланд, Тасманија и рускиот далечен исток).
Северните делови, претежно планински, две третини од провинцијата, претежно се ненаселени и неразвиена, освен во областа источно од Канада, каде што областа Пис Ривер содржи дел од канадските прерии. Британската Колумбија се смета за дел од северозападниот дел на Тихиот Океан и биорегионот Каскадија заедно со државите на САД - Алјаска, Ајдахо, Монтана (западен дел), Орегон и Вашингтон.
Клима Крајбрежниот јужен дел на Британска Колумбија има блага, дождлива океанска клима, од кои некои појужни делови се со топли средоземни лета, под влијание на севернотихоокеанската струја. Поради планински масиви на крајбрежјето, климата во внатрешноста на покраината е полусува со одредени места каде има 250 мм (10 ") годишни врнежи. Годишната средна температура во најнаселените области на покраината е до 12 °C, најблага од секаде во Канада. Долините на јужната внатрешност имаат кратки зими со кратки напади на студ и ретко врне многу снег, додека оние во Карибу, во централната внатрешност, се постудени поради зголемената надморска височина и ширина, но без интензитетот или времетраењето на слични ширини на друго место во Канада. На пример, просечната дневна температура во Принц Џорџ (приближно во средината на покраината) во јануари е -12 °C Обилните снежни врнежи се случуваат во сите високи планински терени кои обезбедуваат услови за скијачите на јужниот и централниот дел на Британска Колумбија. мини|Теснецот Џорџија, близу до Ванкувер Зимите вообичаено се сурови во северната внатрешност, но дури и таму поблаг воздух може да навлезе далеку во внатрешноста. Најстудената температура во Британска Колумбија била забележана во реката Смит, каде на 31 јануари 1947 температурата паднала на -58,9 °C, една од најстудените забележани зими во Северна Америка. Во текот на зимата, на брегот, врнежите, понекогаш стануваат поројни дождови, поради постојаните циклонски нископритисочни системи од Северниот Тихи Океан. Додека зимите се многу влажни, крајбрежните области обично се поблаги и суви во текот на летото под влијание на стабилен антициклоничен висок притисок. Јужните внатрешни долини се жешки во лето; на пример, во Осојос, во јули максималната температура во просек изнесува 31.7 °C, најтоплиот месец на кое било место во Канада. Ваквото топло време понекогаш се шири кон брегот или до крајниот север на провинцијата. Температурите често надминуваат 40 °C во пониските височини на долините во внатрешноста кон средината на летото, со рекордно високо ниво од 44,4 °C, температура забележана во Литон на 16 јули 1941 година. мини|200x200пкс|Регионот Оканаган има клима која одговара за одгледување лозја Долгите суви лета често создаваат услови што предизвикуваат шумски пожари, од молњи или од човечки фактор. Многу области во покраината често се опфатени со тешки облаци и ниска магла во текот на зимските месеци, за разлика од обилното летно сонце. Годишните сончеви часови варираат од 2200 во близина на Кранбрук и Викторија до помалку од 1300 во Принц Руперт, на северното крајбрежје јужно од Југоисточна Алјаска. Исклучок од влажните и облачни зими на Британска Колумбија е Ел Нињо. Во текот на оваа фаза, зимите се поблаги и посуви од нормалното. Зимата е многу повлажна и поладна под спротивната фаза, Ла Ниња. +Просечна дневна максимална и минимална температура за избраните градови во Британска КолумбијаОпштинаЈануариАприлЈулиОктомвриПринц Руперт/ / / / Тофино/ / / / Нанаимо/ / / / Викторија/ / / / Ванкувер/ / / / Чиливак/ / / / Пентиктон/ / / / Осојос/ / / / Кранбрук/ / / / Принц Џорџ/ / / / Форт / / / /
Паркови и заштитените области мини|Планина Робсон, Карпести планини во Британска Колумбија
Има 14 називите на паркови и заштитени подрачја во провинцијата. Постојат 141 еколошки резервати, 35 провинциски морските паркови, 7 локации прогласени за наследство, 6 национални историски места, 4 национални паркови и резервати. 12,5% или 114.000 км2 на Британска Колумбија во моментот се сметаат за заштитени подрачја според некоја од 14 различни ознаки, која вклучува повеќе од 800 различни области.
Британска Колумбија поседува седум од канадските национални паркови: Леднички национален парк Националниот парк Голф Ајлендс Националниот парк Гваи Ханас и резерватот Хаида Националниот парк Кутенеј Националниот парк на планината Ревелсток Националниот парк Пасифик Рим Националниот парк Јохо Британска Колумбија содржи и голема мрежа на провинциски паркови, водени од Министерството за животна средина на Британска Колумбија. Провинцискиот парковен систем е вториот по големина во Канада каде најголемиот е Канадскиот национален парковен систем. Постојат и регионални паркови кои ги раководи Министерството за шуми. Освен овие подрачја, повеќе од 47.000 км2 обработливо земјиште се заштитени од Земјоделските земјишни резерви на Канада.
Фауна Голем дел од покраината е дивина, па популациите на многу видови на цицачи кои станале ретки во голем дел од САД сè уште се развиваат во Британска Колумбија. Можат да се видат животни од разни видови, вклучувајќи и широк спектар на птици. Тука живеат мечки (гризли, црната мечка, вклучувајќи ја и Кермодовата мечка т.н мечка-дух), а воедно и елени, лосови, ирваси, овци со големи рогови, планински кози, мрмоти, дабари, бизамски стаорци, којоти, волци, куни, пуми, орли, орли-рибари, чапји, канадски гуски, лебеди, морски нуркачи, јастреби, бувови, гаврани и разни видови на патки. Помалите птици исто така изобилуваат. Њорките (од видот Alcidae) се познати од островот Фредерик, мали острови покрај брегот на островите на кралицата ШарлотAttenborough, D.1998. The Life of Birds. BBC publication. мини|Национален парк Јохо Многу популации на риби се присутни, вклучувајќи ги и салмонидите, како што се неколку видови лосос, пастрмка, чар. Покрај лососот и пастрмката, спортските риболовцина Британска Колумбија ловат и халибут, калифорниска пастрмка, бас и есетра. На брегот, фоките и речните видри се чести. Од китовите, тука се присутни видовите орка, грбавиот кит, сивиот кит, морската свиња, белоперковата морска свиња, белиот делфин и минке китот. мини|Езерото Чикамус на изгрејсонце, во Провинцискиот парк Гарибалди, Британска Колумбија Некои од загрозените видови во Британска Колумбија се: Мрмотот од островот Ванкувер, пегавиот був, американскиот бел пеликан и др. Според студија на Министерството за животна средина, видовите присутни во Британска Колумбија се следнивеBC Ministry of Sustainable Resource Management, Conservation Data Centre: Вид организамНа црвената листа во Британска КолумбијаВкупен број на видот во Британска КолумбијаСлатководни риби2480Водоземци519Влекачи616Птици34465Копнени цицачисе бараат понови податоцисе бараат понови податоциМорски цицачи329Растенија2572333Пеперуги19187Вилински коњчиња987
Шуми Белата смрека или енгелманската смрека и нивните хибриди се јавуваат во 12 од 14 биогеоклиматски зони на Британска Колумбија (Coates et al., 1994). Вообичаените видови дрвја присутни во шумите на Британска Колумбија вклучуваат западен црвен кедар (туја, џиновски кедар), жолт кедар, карпестопланинска смрека, свиен бор, жолт бор, бел бор, западен бел бор, бела смрека, енгелманска смрека, ситковска смрека, црна смрека, голема ела, аамабилис ела, субалпска ела, западен херлок, голем хлоп, дагласка ела, јавор, дагласки јавор, даб, бреза, водена бреза, топола и многу други.
Екозони Секторот за животна средина ја дели Британска Колумбија на 6 екозони: Тихоокеанска морска екозона Тихоокеанска поморска екозона Крајбрежно-планинска екозона Планинска екозона Таига долинска екозона Крајбрежно-долинска екозона.
Историја Главна статија: Историја на Британска Колумбија
Првите народи