Херменевтика — наука за теоријата на интерпретација, а исто така може да биде или уметност на интерпретацијата или теорија или практика на толкување. Традиционалната херменевтика, која ја вклучува и библиската херменевтика, се однесува на изучувањето на интерпретација на пишуваниот текст, посебно текстовите од областа на литературата, религијата и законот. Современата, или модерната херменевтика опфаќа не само проблеми кои се вклучени во пишаниот текст туку и оние од интерпретативниот процес. Ова ги вклучува вербалните и невербалните форми на комуникација, како што се поважните фактори кои влијаат на комуникацијата, како што се претпоставките, претсфаќањата и филозофијата на јазикот и семиотиката. Филозофската херменефтика, пред сè се однесува на теоријата на знаењето на Ханс-Георг Гадамер развиена во „Вистина и метод“, а делумно и кај Пол Рикер. Херменевтичката постојаност се однесува на анализа на текстот за кохерентно објаснување. Херменевтиката (единечно) се однесува на еден посебен метод или седиште на интерпретација.

Потекло на поимот

Фолклорната етимологија зборот херменевтика го поврзува со Хермес, митолошко грчко божество кој бил гласник на боговите. Освен што бил гласник помеѓу самите богови, тој бил и гласник помеѓу боговите и луѓето, тој ги водел душите на луѓето низ подземниот свет, бил измислител на јазикот и говорот, толкувач, лажго, крадец и измамник. Овие повеќебројни улоги го прават Хермес идеален претставник на херменевтиката, бидејќи, како што Сократ запишал, зборовите имаат моќ да откријат или сокријат, низ промоција на пораката на двосмислен начин. Грците гледаат на јазикот како постојаност на знаците кои можат да водат кон вистина или невистина, односно кон самата суштина на Хермес.

Раната употреба на зборот херменевтика зазема место во границите на светото. Божествената порака е пораката која е разбрана под свои услови без разлика дали е вистина или лага. Оваа двосмисленост е ирационалност. Еден вид на лудило нанесено врз примачот. Само оној кој поседува рационален метод на интерпретација, или рана херменевтика, моше да раздели вистина или лага во некоја изјава.

Традиционалната етимологија на херменевтиката е добиена од грчкиот збор ἑρμηνεύω (hermeneuō, „преведи“ или „толкувај“). Во филозофијата е претставена главно преку насловот на делото од Аристотел „Περὶ Ἑρμηνείας“ („За интерпретацијата“), но почесто е користен латинскиот наслов De Interpretatione. Ова е едно од најраните прживеани филозофски дела во западната традиција кое се занимава со врската помеѓу јазикот и логиката во сеопфатен, експлицитен и формален начин.

Историја

Античка

Во De Interpretatione, Аристотел дава рано разбирање кое ги поставува темелите на повеќе современи теории на интерпретација и семиотика:

Подеднакво важни за понатамошни развивања се текстовите за поетиката, реториката и софистиката вклучувајќи и некои дела на Платон како Кратил, Јон, Горгија, Лесер Хипиас и За републиката, заедно со делата на Аристотел, За поетиката и За софистичкото побвање. Овие текстови повеќе се занимаваат со презентација на аргументи, говори и поеми отколку разбирањето на текстот како текст. Како што Рамбер и Ѓестал забележале „Само кај стоиците и нивната интерпретација на митот се среќаваме со нешто како методолошки проблеми во разбирање на текст.“

Некои антички филозофи, како Платон, настојувале да ја карактеризираат поезијата како безопасни бесмислици. Платон ги отфрла поетите од неговата идеална држава сè додека не ја докажат својата вредност. Во Јон, Платон ги претставува поетите како опседнати:

Но значењето на поемата останува отворено за потсмев. Какви и показатели да има за вистината, таа е прекриена со лудило. Но ново мислење се издигнало со Theagenes of Rhegium, кое вели дека наместо директно да се гледа на поезијата, треба на неа да се гледа како алегорија на природата. Стоиците подоцна ја развиле оваа идеја читајќи кај поетите не само алегории на природните појави туку и алегории на етичкото однесување.

Аристотел се разликувал од неговиот претходник Платон. Двајцата гледале на поезијата како чин на мимеза, но каде што Платон гледал бледа и лажна имитација на уметноста на реалноста, Аристотел ја видел можноста за вистината на имитирањето. Како што потенцира критичарот Дејвид Рихтер „за Аристотел уметникот мора да ги занемари фактите за да побара подлабоки универзални вистини. Наместо да биде грешна поезија, може да биде универзална вистина.“ (Рихтер, Критичка Традиција, 57). Трагедијата и еповите Аристотел ги нарекува благородни, од кои трагедијата служи за создавање силни емоции кај гледачите преку катарза.

Библиска

Еврејcka

Секојдневната употреба на зборот херменевтика се однесува на процесот на толкување на писмата. Најраните примери на оваа интерпретација не се пронајдени во пишан текст, туку во еврејската усна традиција која постоела во ерата на Вториот храм (515 година п.н.е.- 70 година од нашата ера), која подоцна станала Талмуд.

Содржини на принципите преку кои Тората била толкувана постоеле од времето на Хилел постариот, но најдобро познати се принципите од Бараита од Паби Ишмаел. Овие принципи варираат од стаднадрдните правила на логиката (на пр.a fortiori аргумент, на хебрејски познат како קל וחומר /kal v'chomer/) кон проширените, како правилото дека еден пасус може да биде интрпретиран со референца од друг пасус во кој се појавува истиот збор (Гезерах Шавах). Рабините не припишале подеднакво убедливи моќи на различните принципи.

Традиционалната еврејска херменевтика се разликува од грчкиот метод во тоа што рабините го сметаат Танах (еврејски библиски канон) за безгрешен. Кои било очигледни недоследности требало да бидат разбрани преку внимателно испитување на даден текст во контекст на друг текст. Имало различни нивоа на интерпретација, некои употребувани за стигнување до едноставното значење на текстот, некои за проширување на законот даден во текстот, како и трети кои наоѓаат свети и мистични нивоа на разбирање.

Христијанство

Раните свети традиции на библиската егзегеза имаат неколку обединувачки одлики на почетокот, но се стремат кон обединување на школите на херменевтичката теорија. Раниот христијански период на библиска интерпретација може да биде поделен на апостолски и субапостолски период (кој датира од пишувањето на Новиот завет до 200 г. н.е, попознато како ерата на апостолските отци кои биле ученици на св. апостоли, види христијанство во 2 век) и Антиохиско/Александрискиот дел (која датира од 200 г. н.е. до средновековието поделена од историчари на доникејски период и период на седумте вселенски собори)

Апстолска и субапостолска

Оперативниот херменевтички принцип во Новиот завет и најраните црковни отци бил исполнување на пророштвото. Житијата, посебно Житието по Матеј, даваат проширена употреба на Стариот завет со цел да се покаже дека Исус бил месија. Примерите ги вклучуваат Матеј 1: 23, 2:15-18, 3: 3, 21: 42, Марко 1:2-3, 4: 12, Лука 3:4-6, 22:37, Јован 2: 17, 12: 15, и забележително кај Лука 4:18-21 и парарели каде Исус опширно чита од Исак и тврди дека пророштвото е исполнето ако е слушнато од народот. Псалмите на Павле го користат истиот принцип како што сведочат 1 Коринтјаните 1:19, Ефесјаните 4:8-10, како и Евреите (види 8:7-13).

Принципот е пренесен низ субапостолската ера во вториот век. На пример, Иринеј посветува цело поглавје во „Против кривоверците“ во одбрана на Исак 7:14, едно од главните пророштва употребено да го потврди Исус како месија. Иринеј мислел дека апологистите од вториот век настојувале да толкуваат списи кои биле главни за претставување на пророштвото. Најбитен меѓу нив бил Јустин Маченик, кој широко употребувал списи за таа цел. Пример на оваа употреба може да се забележи во неговото дело „Проштевање“ кое е специјално посветено за докажување на Исус преку пророштво. Тој слично употребува списи и во „Дијалог со Трифо“.

"И кога Херодот го надмина Архелај, примајќи го авторитетот кој бил определен за него, Пилат му ja испратил со комплимент поврзаноста со Исус; и Бог, знаејќи за ова, проговорил: „И го однесоа Него пред Асириецот, подарок за кралот.“

Многу веројатно е дека погледот кон исполнувањето на пророштвото е плод на околностите во кои се наоѓала раната црква. Примарната цел на раните писатели била да го одбранат христијанството од нападите на паганство, еврејство и еретичките групи. Мартин Жан Мулдер сугерира дека пророштвото било примарен херменевтички метод, затоа што римското општество имало високо мислење за претскажувањата. Преку употребата на Стариот завет за да се потврди Исус, раните христијани се обиделе да допрат до претскажувањата на пророците и староста на еврејските списи.

Школите на Александрија и Антиохија

Почнувајќи рано во третиот век, христијанската херменевтика започнала да се дели на две примарни школи: Александрија и Антиохија. Интерпретациите од Александрија давале акцент на алегориското читање, најчесто со буквалното значење на текстот. Главни претставници од ова училиште се Ориген и Климент Александриски. Антиохиската школа давала акцент, пак, на литературното и историско значење на текстот. Главни претставници од оваа школа биле Теодор од Мапсуеста и Диодор од Тарс.

Средновековие

Средновековните интерпретации на текст ја обединуваат егзегезата во четирикратен модел што ја нагласува разликата помеѓу зборот и духовноста на текстот. Шемата била заснована на различните начини на интерпретација на текстот користени од патристичките писатели. Буквалната смисла (sensus historicus) на списите означува што текстот директно тврди или известува. Алегоричната смисла (sensus allegoricus) го објаснува текстот земајќи ја предвид доктринарната содржина на црковната догма, со тоа што секој елемент има симболично значење, види типологија (теологија). Моралниот ефект на текстот на поединечниот читач или слушател е третата смисла, sensus tropologicus, или sensus moralis, додека четврто ниво на значење ги извлекува од текстот имплицираните алузии кои содржат метафизичко и есхатолошко знаење или агностика.

Херменевтичката терминологија користена овде во некои делови е самоволна. Речиси сите три интерпретации што одат подалеку од буквалните објаснувања во основната смисла се „алегорични“. Практичните апликации на овие три аспекти на духовна интерпретација варираат. Во повеќето примери четирикратната смисла на списите била делумно употребувана, во зависност од содржината на текстот и идејата на извадокот. Можеме лесно да забележиме дека основната структура е двојна смисла на списите, што значи дека бројот четири е добиен од рестриктивна систематизација на бројните можности што постојат во трите интерпретативни димензии.

Херменевтиката во средновековието сведочи за зголемувањето на небуквалните интерпретации на Библијата. Христијанските коментатори можеле симултано да го читаат Стариот завет аналогно со делови од Новиот завет како симболични лекции за црковните институции и како лично применети алегории за духот. Во секој случај, значењето на знаците било скратено со додавање на делови од Библијата како учење на морал.

Слични четирикратни категоризации се исто така пронајдени во рабинските пишувања. Тие се: Пешат (едноставна интерпретација), Ремез (алузија), Дераш (извршување) и Сод (свето/мистично). Неизвесно е дали рабинските интерпретации се постари од патристичките верзии. Средновековието сведочи за издигнувањето на многу нови категории на рабински интерпретации и објаснувањето на Тора, вклучувајќи го и појавувањето на Кабала и пишувањата на Маимонците.

Модерна

Дисциплината херменевтиката се појавила со новото хуманистичко движење од 15 век како историска и критичка методологија за анализирање на текст. За триумф на раната модерна херменевтика, италијанскиот хуманист Лоренцо Вала во 1440 година со внатрешни докази од самиот текстот докажал дека „Давањето на Константин“ било фалсификат. Оваа херменевтика се издвоила од својата средновековна улога објаснувајќи ги точните анализи на Библијата.