Горни Села - историско-географски области од битолско-леринскиот и тиквешкиот крај кои споделуваат име.
Географија
Битолските Горни Села се сместени со Баба Планина на запад и југ, со реките Црна, Јелешка, и со областа Леринско Поле на исток и југоисток, и со Ѓаваткол и Битолско Поле на север.
Горните Села од тиквешкиот крај се сместени меѓу Тиквешката Котлина на исток преку Тиквешкото Езеро (р. Црна), со Мариово на југ, Раец на запад и со областа Клепа на север.
Населени места
мини|Карта на населените места во Горните битолски и лерински села, обележани со црвени точки
Битолско
Горни битолски села: Нижеполе, Магарево, Трново, Дихово, Брусник, Лавци, Буково, Бистрица, Крстоар, Кравари, Оптичари, Горно Егри, Средно Егри, Долно Егри, Жабени, Олевени, Барешани, Канино, Острец, Породин, Велушина, Драгош, Кишава, Граешница, Лажец, Меџитлија и Кременица Горни лерински села: Негочани, Света Петка, Опсирино, Раково, Битуша, Клабучишта, Горно Клештино, Долно Клештино, Кладороби, Кабасница, Буф, Арменско, Песодер
Тиквешко
Дреново, Грбовец, Драдња, Добротино, Шешково и Праведник
Поврзано Народни носии од Горните Села (битолско-леринскиот крај)
Наводи
Надворешни Врски Карта на Воjслав Радовановиќ каде се одделени тн. „Горни села“ од поширокиот тиквешки крај
Категорија:Историско-географски области во Македонија