Џој Саргита Сингарајер (родена на 23 септември 1976 година) е британски климатски научник и професорка по палеоклиматологија на Универзитетот во Рединг, каде била заеднички раководител на Одделот за метеорологија. Дала придонес во разбирањето на минатите климатски промени (особено квартарните) и го искористила тоа знаење за да ги ограничи сегашните и идните промени во животната средина. Нејзината работа се ориентира околу интеракциите помеѓу луѓето, земјената покривка и нејзиното користење и климата, и идните импликации за земјоделството и водните ресурси.

Образование и истражувачка кариера Сингарајер завршила магистер по физика на Империал колеџот во Лондон во 1998. Потоа на Универзитетот во Оксфорд завршила докторат во 2002 година на тема „Линеарно модулирана оптички стимулирана луминисценција на седиментниот кварц: физички механизми и импликации за датирање“ заедно со Ричард Бејли. Потоа се префрлила на Факултетот за географски науки на Универзитетот во Бристол, каде предавала, а подоцна станала и виш предавач. Сингарајер потоа преминала на Катедрата за метеорологија на Универзитетот во Ридинг во 2013 година.

Истражувањето на Сингарајер може да се подели на две главни области: употреба на пристапи за моделирање за да се разберат механизмите на промените во животната средина и промените на површината на земјата (антропогени и природни) и нивните интеракции со климата. Нејзината работа на катастрофалното ослободување на свежа вода за време на крајот на последното ледено доба покажало какво влијание може да има врз морската струја, што имало импликации врз идното губење на ледените плочи на Гренланд и на Антарктикот. Сингарајер покажала како морскиот мраз ја регулирал климата на Земјата порано, и преку рефлексија на сончевата светлина и спречување на топлината што излегува од топлиот океан во атмосферата. Користејќи климатски симулации, Сингарајер покажала дека емисиите на метан од последниот глацијален циклус може да бидат резултат на промени во орбиталата на Земјата, а не на човечка активност. Сингарајер, исто така, ги квантифицирала климатските импликации од промената на користењето на земјиштето во земјоделството, вклучително и проценка на био-геоинженерските придобивки од префрлањето на култури со висока рефлексија.

Медиуми и презентирање Сингарајер е вклучена во голем број научни активности за комуникација со јавноста. Во 2009 година, дејствувала во советодавно својство за шест-делниот документарец на Би-би-си „Неверојатното човечко патување“, истражувајќи ги доказите за теоријата за раната човечка миграција надвор од Африка, презентирана од Алис Робертс. Истата година, претставила четири епизоди од серијата „Човек на Земјата“ на Канал 4, заедно со Тони Робинсон и Јаго Купер. Оваа серија го разгледувала ефектот на климатските промени во текот на 200.000 години човечка историја.

Сингарајер, исто така, дава коментари за историските вести поврзани со климата.

Наводи

Надворешни врски

http://www.imdb.com/name/nm3511887

Категорија:Родени во 1976 година Категорија:Апсолвенти на Оксфордскиот универзитет Категорија:Женски климатолози