мини|Првата корица на мангата, вклучувајќи ја Чизуру Мизухара|311x311пкс Девојка за изнајмување (, ) — комична љубовна манга од Реиџи Мијаџима, објавена во списанието Weekly Shonen Magazine на Kodansha од јули 2017 г. Заклучно со април 2024 г., објавени се 36 тома.
Аниме-адаптација на мангата била создадена од TMS Entertainment, а првата сезона била премиерно прикажана на 10 јули 2020 г. Втората сезона била премиерно прикажана на 3 јули 2022 г. Третата сезона била премиерно прикажана на 7 јули 2023 г.
Содржина Заплетот се заснова на образот на реалните услуги во Јапонија, кои ви дозволуваат да изнајмите лице на одредено време што ќе ја игра улогата на пријател, брачен другар, дете или девојка/дечко за одреден временски период.
Откако Казуја Киношита ќе биде оставен од неговата прва девојка, тој решава да проба онлајн услуга за изнајмување девојки. Прекрасната и дружељубива Чизуру Мизухара се покажува дури и премногу идеална за неговиот вкус. Тој продолжува да ја изнајмува за да им покаже на другите и на членовите на семејството дека добро му оди, па дури и дека има девојка. Многу совпаѓања, како фактот што живеат во соседни станови или одат на ист факултет, ги поврзуваат јунаците, како и желбата на Казуја да не ја вознемири баба му. Наскоро, Казуја се крие зад совршениот образ на Чизуру.
Наводи
Надворешни врски
__СОСОДРЖИНА__ __ИНДЕКС__
Категорија:Манги Категорија:Аниме-серии