Топлица или Колова Река (, Топлица, Ρέμα Νικολάου, Рема Николау, Άγιος Νικόλαος, Агиос Николаос) — река во Мегленско, Егејска Македонија.

Течение Реката извира под името Рамноборска Река (Ράμνο Μπορ) јужно под врвот Креминак и западно под Бела Грота (2.366 м) во југоисточниот дел на планината Ниџе. Тече на исток. Ги прима притоките Конопица и Лута, и под името Колова Река навлегува југоисточно во Пожарската Клисура. Во неа реката се спушта змиулесто, паѓа од мали водопади и водата има тиркизна боја. Кон излезот од клисурата, на надморска висина од 360–390 н извираат топли извори кои достигнуваат температура од . Се работи за дождовница која тоне длабоко во земјата, каде температурата силно ѝ се зголемува и се враќа на површината веќе богата со минерали. Овие извори ѝ го даваат името Топлица.

Реката излегува од планината по Пожарските Бањи и навлегува во котлината Меглен. Минува јужно од Пожарско. Тече на исток. Проаѓа помеѓу некогашното село Ени Мааала од север и селото Биџова Маала од југ, па потоа свртува на североисток. Ја прима големата лева притока Црна и повторно свртува на исток. Минува северно од градот С’ботско, каде ја прима големата лева притока Сушица и на крајот се влева во реката Козјак источно од градот.

Притоки → лева, ← десна → Аматова Р. → Конопица → Црна Р. (Црнана) → Сушица ← Дерба ← Паеновица

Наводи

Категорија:Реки во Егејска Македонија Категорија:Меглен Категорија:Ниџе Категорија:Бистрички слив (егејски)