Рождество на Пресвета Богородица (или позната како Мала Богородица) — мала селска црква во битолското село Брусник, Македонија.

Местоположба

Црквата е сместена под селото, до која води земјен пат. Таа се наоѓа помеѓу самото село и новоизградените викенд-куќи.

Историја

Според натписна плоча на црквата храмот е подигнат од страна на Божанка Николовска со децата во 1999 година.

Архитектура Фрескоживопис

Црквата не е живописана.

Икони и иконостас

Храмот поседува мал дрвен иконостас.

Галерија

Поврзано Битолско архијерејско намесништво Седумнаесетта приградска парохија Брусник

Наводи

Надворешни врски

Брусник