Лабаничка Река — река во Костурско, Егејска Македонија и Девол, Албанија, лева притока на Четирска Река.

Течение Реката извира во Костурско од Д’мбенска Планина северно под врвот Мали Мади (1.655 м) под името Бискова Чешма или Бикова Чешма. Тече на југозапад и минува низ напуштеното село Лобаница (Лабаница), чие име го носи. Ја прима левата притока Косинечка Река (Костенечка Река) која доаѓа од Косинец и одовде ја следи границата со Албанија и тече на југ, носејќи го името Косинечка. Во местноста Жупан Чифлик свртува на запад и се влева во Четирска Река како нејзина лева притока кај граничната пирамида бр. 36.

Притоки → лева, ← десна → Косинечка Река ← Извор

Наводи

Категорија:Реки во Егејска Македонија Категорија:Реки во Албанија Категорија:Костур (општина) Категорија:Девол Категорија:Струмски слив