Dead Space 3 (македонски: Мртва вселена 3) — научнофантастична пукачка игра од трето лице со елементи на ужаси за преживување, развиена од американското студио Visceral Games. Таа е третата и последна игра во серијалот Dead Space. На 15 јануари 2013 г., се појавила затворена демоверзија, достапна само за корисниците на Xbox 360. На 22 јануари, демоверзијата станала достапна за сите сопственици на Xbox 360 и PS3. Целосната верзија на играта била објавена на 5 февруари 2013 г. во Америка.
Приказната на играта го следи ликот на играчот Ајзак Кларк и неговите сојузници додека истражуваат замрзната планета, Тау Волантис, за да го откријат потеклото на растечката закана од нивните непријатели, некроморфите. Играчите го управуваат Ајзак и ја истражуваат околината, решаваат загатки и наоѓаат ресурси, додека се борат со некроморфите и непријателските луѓе наречени јунитолози. Играта поддржува онлајн групни повеќеиграчки сесии во кои втор играч ја презема улогата на новиот лик Џон Карвер.
Оценки Dead Space 3 добила „во целост поволни“ одзиви од критичарите, според веб-страницата за собирање на податоци Metacritic. За време на Наградите за рецензенти на Националната академија на видеоигри во 2013 г., Dead Space 3 била предложена во категориите „Анимација, интерактивност“; „Режија во играчко кино“; "Звучни ефекти"; и „Употреба на звук, франшиза“. По објавувањето, Dead Space 3 добила во целост потврдни одзиви од критичарите, од кои многумина го пофалиле нејзиниот играчки процес, системот за изработка и графика. Вообичаена критика било преминувањето од ужаси за преживување кон акција, што многумина сметале дека го ослабува доживувањето. Реакцијата на обожавателите исто така била измешана за промената кон исклучиво акциона игра, и пред и по објавувањето.
Наводи
Надворешни врски
Dead Space 3 на MobyGames
__СОСОДРЖИНА__ __ИНДЕКС__
Категорија:Игри за Windows Категорија:Игри за Xbox 360 Категорија:Ужаси за преживување Категорија:Научнофантастични видеоигри