Килот, Котларска Река или Биралска Река (, до 1968 г. Κιλότ, Килот) — река во Кајларско и Леринско, Егејска Македонија, притока на Островското Езеро.

Течение Реката се образува на планината Карталдаг, источен разбранок на Сињак, од неколку потоци кои извираат источно под врвот Ипсома Кароглу (1.045 м). Првично го носи името Бекревеник (Бекревеникос или Бекревенику , Μπεκρεβενίκου) и тече на север-северозапад. Ја прима левата притока Морека, излегува од планината во котлината Сариѓол јужно од С’лпово и свртува на североисток. Тука коритото ѝ е регулирано. Минува јужно од Кајлари, ја прима големата десна притока Пориште и свртува на север. Тука го носи името Дубалти, а откако ќе пројде западно крај Котлари, го носи името Котлар или Котларска Река (Пендаврисос). Завршува во Островското Езеро источно од селото Нови Град.

Притоки → лева, ← десна ← Папа Рема → Микри Бара → Гаволакос → Лабаница → Морека ← Бајлар ← Кевриџик ← Сулу ← Рубина ← Копалца → Чернево (Кајлар Кури) → Белева Река ← Сари Дол

Наводи

Категорија:Реки во Егејска Македонија Категорија:Еордеја Категорија:Суровичево