Кери Мари Андервуд (родена на 10 март 1983 година) е американска пејачка. Таа станала позната по победата во четвртата сезона на Американски идол во 2005 година. Синглот на Андервуд „Inside Your Heaven“ ја направи првата кантри изведувачка која дебитирала на врвот на топ-листата Billboard Hot 100 и единствениот соло кантри изведувач во 2000-тите кој имал песна број еден на Hot 100. Нејзиниот деби албум, Некои срца (анг: Some Hearts)(2005), станал најпродаваниот соло женски деби албум во историјата на кантри музиката. Освоила три Греми награди за албумот, вклучително и за најдобар нов изведувач.

Следниот студиски албум, Карневалско возење (анг: Carnival Ride) (2007) освоил две Греми награди. Нејзиниот трет студиски албум, Продолжи да свириш (анг: Play On) (2009), го продуцирал синглот „Каубој Казанова“, со едно од најголемите сингл-неделни нагорни движења на Hot 100.

Андервуд го постигнала второто најпродавано издание од жена во 2012 година и освоила Греми награда со нејзиниот четврти албум, Blown Away (2012). Нејзината компилација Најголеми хитови: Деценија #1 (2014) го создал кросовер синглот „Нешто во водата“. Нејзиниот петти студиски албум, „Раскажувач“ (анг: Storyteller)(2015), ја направил единствениот кантри изведувач на кој сите први пет студиски албуми достигнале број еден или два на табелата Билборд 200. Со нејзиниот шести албум, (анг: Cry Pretty) (2018), таа станала единствената жена која се нашла на врвот на Билборд 200 со четири кантри албуми и ја имала најголемата недела за кој било албум од жена во 2018 година. Во 2020 го објавила својот прв божиќен проект, Мојот подарок, а првата колекција на госпел музика, Мојот спасител, во 2021 година. Нејзиниот студиски албум од 2022 година, Тексас и Светки (анг: Denim & Rhinestones) означил враќање на нејзиниот кантри поп звук.

Андервуд има продадено 85 милиони плочи ширум светот. Таа е десетта највисоко сертифицирана жена уметник и највисоко сертифицирана кантри уметница на сите времиња на рангирањето на RIAA за врвни уметници (дигитални синглови), а исто така е и женски уметник со најмногу записи број еден (16) на Билборд Кантри Ерплеј. Нејзините признанија вклучуваат осум Греми награди, 12 Билборд музички награди, 17 Американски музички награди, пет Гинисови рекорди и воведување во Холивудската патека на славните и Гранд Оле Опри. Билборд ја рангирал како најдобра жена-кантри изведувачка во 2000-тите и 2010-тите, а Некои срца за најдобриот кантри албум во 2000-тите. Ролинг Стоун ѝ аплаудирал како „женскиот вокал на нејзината генерација во кој било жанр“, Тајм ја вброил како една од 100-те највлијателни луѓе во светот во 2014 година, а Форбс ја прогласил за најуспешна победничка на Американски идол. Надвор од музиката, Андервуд се занимава со мода и пишување, објавувајќи ја нејзината линија за фитнес облека Калиа (анг: CALIA) од Кери во 2015 година и најпродаваната книга за фитнес и животен стил на Њујорк Тајмс, Најди го својот пат во 2020 година.

Ран живот Кери Мари Андервуд е родена на 10 март 1983 година, во Маскоги, Оклахома, во семејството на Керол (моминско Шатсвел) и Стив Андервуд. Таа има две постари сестри, Шејна и Стефани, и израснала на фармата на нејзините родители во Чекота. Татко и работел во фабрика за хартија додека нејзината мајка предавала во основно училиште. Во детството, Андервуд настапувала на Робинс Меморијал талент шоу и пеела во нејзината локална црква.Jennifer Riley, Carrie Underwood: My Fiance Improved My Walk with God, Christian Post, March 02, 2010 Таа подоцна пеела за локални настани во Чекота, вклучувајќи го Денот на старите доселеници и Лајонс клубот.

Еден локален обожавател договорил таа да оди во Нешвил кога имала 14 години на аудиција за Капитол Рекордс (анг: Capitol Records).Biography Today, p.144 Во 1997 година, Капитол рекордс подготвувал договор за Андервуд, но го откажал кога се сменил менаџментот на компанијата.Biography Today, pp.144–145

Додека одела во средното училиште Чекота, била навивачка и играла кошарка и софтбол.Biography Today, p.145 Таа првично не се занимавала со пеење по дипломирањето и еднаш рекла: „По завршувањето на средното училиште, прилично се откажав од сонот за пеење“.

Андервуд студирала на Североисточниот државен универзитет во Талекуа, Оклахома, дипломирајќи magna cum laude, во 2006 година, со диплома за масовна комуникација и акцент во новинарството.

Две лета, настапувала во шоуто Даунтаун Кантри на североисточниот државен универзитет во Талеква. Истотака се натпреварувала на бројни натпревари за убавина на универзитетот и била избрана за второпласирана мис на НСУ во 2004 година.

Американски идол

Во средината на 2004 година, Андервуд отишла на аудиција за Американски идол во Сент Луис, Мисури, пеејќи ја песната на Бони Рејт "I Can't Make You Love Me". На 25 мај 2005 година, Андервуд победила во четвртата сезона. Нејзината добивка вклучувала договор за снимање вреден најмалку милион долари, користење на приватен авион една година и кабриолет Форд Мустанг.Biography Today, p. 148

Некои срца Музичката кариера на Андервуд започнала со објавувањето на нејзиниот прв сингл, „Во твоето небо“ (анг: Inside Your Heaven), на 14 јуни 2005 година. Песната дебитирала на првото место на Billboard Hot 100, при што Андервуд станала само третиот изведувач кој дебитирал на врвот откако политиката на топ листите се променила во 1998 година. Тоа е единствениот сингл на соло кантри изведувач во деценијата 2000–2009 година кој го достигнал првото место на топ-листата Billboard Hot 100. Исто така, дебитирал на првото место на Билборд поп 100 и на канадската топ листа за синглови, останувајќи на врвот седум последователни недели, станувајќи најдолготрајниот број еден сингл во 2005 година во Канада. Продал речиси еден милион примероци и бил златно сертифицирано од RIAA и двојно платински од CRIA. лево|мини| Андервуд настапува на Светската Арена во декември 2006 година Деби албумот на Андервуд, Некои срца, бил издаден на 15 ноември 2005 година, влегувајќи на Билборд топ листите со 315.000 продадени копии, дебитирајќи на првото место на Билборд Топ кантри албуми и на второто место на Билборд 200. Албумот е девет пати платински од RIAA, што е највисока сертификација за албум од која било кантри изведувачка што се појавила од 2000 година.

Карневалско возење Вториот албум на Андервуд, Карневалско возење (анг: Carnival Ride) бил издаден во октомври 2007 година. Албумот се продал во 527.000 копии во првата недела, дебитирајќи на прво место и на Billboard 200 и на Top Country Albums, како и на првото место на Canadian Albums Chart, една од најголемите продажби во првата недела од женски изведувач. Исто така бил сертифициран за двојно платински за само два месеци по објавувањето во декември. Албумот сега е четири пати мини|Андервуд на премиерата на Американски идол во февруари 2009 година

Продолжи да свириш Андервуд го издала својот трет студиски албум, Продоложи да свириш (анг: Play On) на 3 ноември 2009 година. Албумот дебитирал на врвот и на Билборд 200 и на Топ Кантри албумите, продадени преку 318.000 копии во првата недела, и по неговото објавување станал најпродаваното издание на годината од женски изведувач, но подоцна бил претекнат од Сузан Бојл Сонував сон и ја завршил годината како број два.мини|Андервуд на Американските музички награди во 2009 година

Оддувана Оддувана (анг: Blown Away) четвртиот албум на Андервуд, објавен на 1 мај 2012 година. Андервуд изјавила дека овој албум содржи песни со „потемна приказна“.Carrie Underwood, 'Blown Away': Cover & Title Revealed. TheBoot, March 5, 2012. Retrieved March 6, 2012. „Blown Away“ дебитирал на првото место на Билборд 200, топ листите за кантри албуми и топ листите за дигитални албуми во САД, продавајќи повеќе од 267.000 во првата недела. Албумот бил седми најпродаван албум во 2012 година, втор најпродаван кантри албум во годината и второ најпродавано издание од женски изведувач во 2012 година. Тој е сертифициран за двојно платина од RIAA и е продаден во преку 1,7 милиони примероци само во Соединетите Држави.мини|Андервуд настапува на музичкиот фестивал ЦМА во 2013 година

Најголеми хитови: Деценија #1 Андервуд потврдила дека почнала да планира нов албум во август 2013 година и дека ќе започне со подготвителна работа некаде во 2014 година Андервуд изјави за Билборд: „По Звукот на музиката, се чувствувам како да можам навистина да се спуштам и да почнам да работам на следниот албум“. Андервуд, исто така, изјавила дека планира уште една турнеја, која може да биде поублажена од нејзините претходни, изјавувајќи: „Не размислував многу за тоа бидејќи не знам како ќе звучи следниот албум, но ми се допаѓа само да стојам таму и пејам, можеби ќе имам поинаков пристап, поедноставен пристап на следниот, ми се допадна енергијата што ја имаа рок концертите“, изјавила Андервуд . Андервуд била вклучена во „Нешто лошо“ од албумот на Миранда Ламберт „Платина“. Објавен како сингл, го достигнал првото место на топ-листата Hot Country Songs, станувајќи 13-ти број еден на Андервуд на табелата. Истата недела, песната се нашла на 19. место на Billboard Hot 100. лево|мини| Андервуд настапува на Гранд Оле Опри во декември 2014 година

Раскажувач Андервуд се вратила во студиото за да го заврши својот петти студиски албум во пролетта 2015 година. Storyteller бил објавен на 23 октомври 2015 година и дебитирал на второто место на Билборд 200, со што Андервуд станала првиот кантри изведувач кој ги имал првите пет студиски албуми дебитирајќи на број еден или два на Билборд 200. Покрај тоа, албумот дебитирал на првото место на топ кантри албуми, со што Андервуд добила уште еден рекорд како првиот изведувач кој постигнал шест последователни албуми број еден на таа табела. Раскажувачот оттогаш е сертифициран за платина од RIAA.

мини|Андервуд настапува на турнејата Плачи убаво, септември 2019 година

Мојот дар Нејзиниот прв божиќен албум, Мојот дар (анг: My Gift) бил објавен на 25 септември 2020 година.Тоа бил нејзиниот осми последователен албум кој имал на топ кантри албумите на Билборд, а исто така дебитирал на првото место на Топ христијански албуми и Топ празнични албуми и на осмото место на Билборд 200. Албумот подоцна се искачил на петтото место на Билборд 200. На 3. декември 2020 година, Андервуд го снимила празнично специјално емитување на HBO Max, изведувајќи ги сите песни од Мојот дар.

Мојот спасител На 26 март, Андервуд го издала Мојот спасител(анг: My Savior) евангелски насловен албум. Мојот Спасител дебитирал на првото место на топ листите за топ кантри албуми на Билборд и топ христијански албуми на Билборд, како и на четвртото место на Билборд 200, означувајќи го нејзиниот рекорд -поставување на деветтиот последователен број еден.

Тексас и кристали На 18 март 2022 година, Андервуд го издала синглот „Приказна за духови“(анг: Ghost Story) песната служела како главен сингл од деветтиот студиски албум на Андервуд, Тексас и Кристали (анг: Denim & Rhinestones), кој бил објавен на 10 јуни 2022 година. Синглот се искачил во првите десет на Кантри Ерплеј. На 3 април 2022 година, Андервуд ја освоила наградата Греми за најдобар Госпел Албум.

Награди и достигнувања мини|Андервуд ја прославува нејзината десетгодишнина од станувањето член на Гранд Оле Опри во 2018 година