десно|мини| Ден за борба против сиромаштијата, 17 октомври 2015 година. Градот е за сите (унгарски: A Város Mindenkié) ― унгарска доброволна зачетничка организација основана во 2009 година. Работи во Будимпешта и Печ. Бездомниците (сегашни или минати) и активистите кои не се бездомници работат заедно за правата за домување и општествена правда.
Организацијата работи како неформална група за застапување. Тоа е независна група која зависи од придонесот за доброволна работа и финансиската поддршка на нејзините членови. Групата претставува широк опсег на луѓе кои живеат во сиромаштија и/или бездомници. Целта на групата е да ги поттикне бездомниците да се залагаат за нивното човечко достоинство и да се борат за правото на домување. Бездомниците играат водечка улога во сите аспекти на групата.
Историја мини| Протест за станбените права. „Градот е за сите“ бил создаден со бездомници и домници кои биле учесници на работилницата одржана од страна на „Отсликај ги бездомните“ (англиски: Picture Theless) од Њујорк, по нивната посета на Будимпешта во август 2009 година. Работилниците биле финансиски поддржани од иницијативата „Проекти за мир“. Втората група подоцна била создадена во Печ, друг унгарски град.
Основањето на организацијата било вдахнато од концептот „Право на градот“ формулиран од Анри Лефевр и Дејвид Харви, а организацијата е членка на унгарскиот сојуз „Право на градот“.Right to the City – Jogunk a Városhoz
Групата е целосно доброволна и согласно 2018 година имала околу 50 учесници, од кои 80% биле или бездомници или претходно биле бездомници.
Други организации започнале во рамките на „Градот е за сите“, а потоа преминале во нивна надлежност. „Од улиците во домување“ (унгарски: Utcáról Lakásba Egyesület) е група која презема празни станови и ги претвора во социјални станови. Од март 2019 година, „Од улиците во домување“ управувала со 23 станови во Будимпешта. „Училиште за јавен живот“ (унгарски: Közélet Iskolája) ги обучува активистите за организациски вештини, користење на сметачи и зборување англиски. Откако пет години бил внатрешен проект „Градот е за сите“, училиштето потоа ги проширило своите операции на работа со луѓе од други групи. „Улични адвокати“ обезбедува доброволна правна поддршка и совети. Оваа група започнала во 2010 година, кога луѓето оделе на плоштадот „Блаха Лујза“ секој петок попладне за да понудат правна поддршка на бездомниците.
Активности мини| „Достоинство за секого“ – Марширање на „Гордост Будимпешта“, 2009 година. мини| Граѓанска непослушност против присилното иселување, 2010 година. „Градот е за сите“ редовно организира настани кои придонесуваат за заштита на правата на бездомниците, се залагаат за нивните интереси и го менуваат општественото гледиште за бездомниците. Групата била вклучена во кампања против иселувањето, вклучително и граѓанска непослушност против присилното иселување.News on the group's anti-eviction campaign on the homepage of the International Alliance of Inhabitants
Групата често се појавува во медиумите со цел да биде сменета заблудата дека бездомниците се неспособни и безнадежни.Another video of a protest against spatial exclusion of homeless people (from index.hu – in Hungarian)
„Градот е за сите“ работи заедно со други зачетнички организации кои ги претставуваат грижите на маргинализираните и угнетените групи. Негува и меѓународни врски, како пример со учеството во Европскиот општествен форум, во проектот за размена на општествено дејство, во Меѓународниот сојуз на жителите(Almost all) Evictions banned in Hungary (article in IAA homapege) или разговори на студенти и бездомници активисти со географот од Соединетите Држави, Нил Смит и канадскиот академик Дебора Е. Коуен во 2010 година. Групата учествувала на конференцијата на Европскиот сојуз на национални организации кои работат со бездомници (ФЕАНТСА) во 2009 година „Споделување на моќта – работа заедно: Учество како алатка за решавање на бездомништвото“ во Копенхаген и на конференцијата на Универзитетот во Барселона – Здружение „Прохабитат“ (Associació Prohabitatge) – ФЕАНТСА во 2010 година „Права на домување: од Теорија до пракса“ во Барселона.
Во јуни 2010 година, групата одржала работилница за словенечките социјални работници и бездомниците за самоорганизирање на конференција организирана од словенечкиот уличен весник и невладина организација „Кралевите на улицата“.
„Правда на улиците“ било учесничко дејствувачко истражување спроведено од „Градот е за сите“ помеѓу 2011 и 2013 година. Проектот собирал податоци поврзани и ги проучувал личните искуства на бездомниците во врска со дискриминацијата од страна на претставниците на унгарската држава во Будимпешта.
На 19 јануари 2013 година, триесет активисти за домување биле уапсени под прекршочни обвиненија за непочитување на полициските наредби откако сквотирале во празна куќа во областа Ержебетварош во Будимпешта. „Градот е за сите“ ги поддржал барањата на активистите да ја вратат во употреба напуштената куќа.
„Градот е за сите“ во комбинација со ФЕАНТСА повторно подоцна во 2013 година, за да организира еднодневен семинар насловен „Промовирање на правата за домување во Унгарија“.
Наводи
Надворешни врски
Градот е за сите (службена мрежна страница) Видео за директна акција организирана од „Градот е за сите“ против присилното иселување Категорија:Појавено во 2009 година во Унгарија Категорија:Организации со седиште во Будимпешта Категорија:Организации за права на домување во Унгарија