Пиростија () — планина во Гребенско, Егејска Македонија, дел од Северен Пинд.
Опис Планината е голем масив на југозападниот крај на Гребенско, дел од венецот Северен Пинд. Од планинскиот масив Авго на запад е одвоена со превојот Ставрос или Салатура Ставру (1.640 м) и реката Лумница; од масивот Миља на југ е разделена со превојот (1.640 м) од кој почнува реката Кира Кали, притока на Венетик на исток.
Карпите се офиолити и флишови.
Планината е дел од националниот парк „Пинд“ од 1966 г. како и од националниот парк „Северен Пинд“ од 2003 г. Обрасната е со црн бор, бука, бел бор, зеленика и др. Дел е од мрежата на заштитени подрачја Натура 2000 (1310002 и 1310003) и прогласена за место од орнитолошка важност (068).
До врвот се стасува преку превојот Ставрос (Салатура Ставру, 1.640 м) за околу 2,5 часа.
+ Врвови Име Грчки Висина (м) Местоположба Пиростија Πυροστιά 1.966 ЈЗ од Лабаница и ЗСЗ од Турија Анкатотопос, Панде Коскини Αγκαθότοπος, Πάντε Κοσκίνι 1.924 ЈЗ од Лабаница и ЗСЗ од Турија Валијарас Βαλιαράς 1.018 ЈЈИ од Лабаница и СЗ од Турија Ватаварда Βαταβάρδα 1.114 СЗ од Лабаница Гусомсиос Γκουκομίσιος 1.824 Дамбури Νταμπούρι 1.887 Драмала Ντραμάλα 1.737 З од Лабаница Калда, Хуса Κάλντα, Χούσα 1.758 З од Лабаница Куцура Κούτσουρα 1.678 Кира Кали Κυρά Καλή 1.860 ЈЗ од Лабаница и ЗСЗ од Турија Лекани Λεκάνη 1.433 Месири Μεσίρη 1.200 – 1.165 Ј од Лабаница и СЗ од Турија Педијас Спану, Прицинда Πεδιάς Σπανού, Πριτσίντα 1.868 ЈЗ од Лабаница и ЗСЗ од Турија Сјаманикос Σιαμανίκος 1.897 Трипмени Τρυπημένη 1.284 ЈЈЗ од Лабаница
Поврзано Пинд
Наводи
Категорија:Планини во Егејска Македонија Категорија:Пинд Категорија:Гребен (општина)