Перишор () — поранешно село во Негушко, Егејска Македонија, на територијата на денешната општина Негуш на Солунскиот Округ, Грција.

Географија Селото се наоѓало северозападно од градот Негуш, меѓу селата Јанаково, Голема Река и манастирот „Св. Јован Претеча Надворешен“.

Историја Селото зело активно учество во Негушкото востание во 1822 г. При задушувањето на востанието војската на Лобут-паша го срамнила селото со земја тоа повеќе не било обновено.

При посетата Егејска Македонија за време на Првата светска војна, Боривое Милоевиќ евидентирал една куќа во Негуш чиј предок Ристо Јачо бил доселеник од Перишор.

Наводи

Категорија:Историски села во Негуш