Свети Атанасиј () — црква во селото Авдела, Гребенско, Егејска Македонија. Влегува во состав на Гребенската епархија на Цариградската патријаршија. Црквата е гробишен храм, сместен во северозападниот дел на селото. Изградена е во 1710 г. Градбата претставува трикорабна базилика со дрвен покрив, двокатна женска црква и припрата на западниот дел. Североисточно од црквата е сместена камбанаријата. Во внатрешноста е зачуван вреден резбан иконостас, проскинитар и икони. Живописана е од самарински мајстори. Таванот е даскен и во центарот е претставен Христос Седржител. Трите кораби се разделени со сводови. Светилиштето има три ниши, но само тој на апсидата е видлив одвнатре.

Поврзано

Гребенска епархија

Наводи

Категорија:Цркви во Гребен (општина) Категорија:Цркви во Гребенската епархија Категорија:Дела на Самаринската школа