Кизили или Кизели (, Орескија; до 1926 г. Κιζιλή, Кизили) — село во Нигритско, Егејска Македонија, денес во општината Визалтија на Серскиот Округ, Грција. Населението брои 45 жители (2021).
Географија и местоположба Селото се наоѓа во Серско Поле, на 1 км западно од соседното село Ежово и околу 13 км југоисточно од гратчето Нигрита, на надморска височина од 140 м.
Историја
Во Отоманското Царство Во XIX век Кизили било турско село во Серската Каза на Серскиот Санџак. Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. во Зили (Zili) имало 28 домаќинства со 25 жители муслимани и 50 жители Македонци.
Во 1889 г. хрватскиот етнограф Стефан Верковиќ („Топографическо-этнографическій очеркъ Македоніи“) напишал за Кизили:
Во Грција По Балканските војни во 1913 г. селото е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор. Таа година селото броело 129 жители. Селото наполно настрадало во Првата светска војна, поради што не се спомнува во пописот од 1920 г.
Кизили било обновено во 1923 година, кога се населени 18 бегалски семејства (вкупно 97 бегалци). Во 1926 година, името на селото било променето во Орескија (Ορέσκεια).
Стопанство Населението одгледува памук, жито и други земјоделски производи, а делумно се занимава и со сточарството.
Население
Самоуправа и политика Селото припаѓа на општинската единица Тахино со седиште во истоименото село, која припаѓа на поголемата општина Визалтија, во округот Сер. Воедно, селото е дел од општинскиот оддел Ежово, во кој влегува и селото Ежово.
Културни и природни знаменитости Цркви
Црква „Св. Преображение“ — гробишен храм, изграден во 1923 г.
Кули
Светомаринска кула од XI век, прогласена за споменик на културата
Наводи
Категорија:Визалтија