Јодоводородна киселина — безбоен и воден раствор на јодоводород (HI). Претставува силна киселина, која целосно се јонизира во воден раствор. Концентрираните раствори на јодоводородната киселина обично имаат 48-57 % HI.
Реакции Јодоводородната киселина реагира со кислород во воздухот и дава јод: 4 HI + O2 → 2 + 2 I2
Како и другите халогеноводород, јодоводородната киселина ги дополнува алкените давајќи јодоалкили. Може да се користи и како редуктивен агенс, како на пример во редукцијата на ароматични нитросоединенија на анилини.
Катива-процес Јодоводородната киселина наоѓа значајна примена во т.н. „Катива-процес“ кој служи како кокатализатор за добивање на оцетна киселина со карбонилацијата на метанол.
центар|400п|Каталитичкиот циклус на Катива-процесот
Незаконска употреба Јодоводородната киселина е забранета супстанција во САД поради нејзината употреба како редуктивен агенс во добивањето на метамфетамин од ефедрин или псевдоефедрин (добиени од апчиња за одзатнување на носот).
Наводи
Надворешни врски Меѓународна карта за хемиска безбедност 1326
Категорија:Јодиди Категорија:Киселини Категорија:Неметални халиди Категорија:Редуктивни агенси