Харли Квин () — американска анимирана суперхеројска веб-серија за возрасни во жанрот црна комедија за истоимениот лик на DC Comics, создадена од Пол Дини и Брус Тим. Џастин Халперн, Патрик Шумакер и Дин Лори служат како писатели и извршни продуценти. Серијата ги следи несреќите на Харли Квин по нејзиното раскинување со Џокерот. Анимираната серија била премиерно прикажана на 29 ноември 2019 г. на преносната услуга DC Universe, по што добила потврдни одзиви од критичарите за анимацијата, хуморот, темниот тон, гласовната игра и толкувањето на главниот лик. Серијата била прикажана и во Македонија, на HBO Max, со македонски превод.
Втората сезона од серијата била објавена на 3 април 2020 г. На 18 септември 2020 г., серијата била официјално обновена за трета сезона, чија премиера била на 28 јули 2022 г. на HBO Max. Во август 2022 г., било објавено работењето на четвртата сезона, и премиерно била прикажана на 27 јули 2023 г.
Наводи
Надворешни врски
DC page: HQ2019, HQTASTEBKT2021 , HQTASTRSONGS2022 , HQTASLOB2022
__СОСОДРЖИНА__ __ИНДЕКС__
Категорија:Американски телевизиски серии Категорија:Серии