Хранлива вредност — мерка за урамнотеженоста на неопходните хранливи материи како јаглехидрати, масти, балковини, минерали и витамини во прехранбените производи и исхраната земајќи ги предвид биолошките потреби на човекот што ги внесува. Постојат разни системи на оценување и етикетирање на производите за да се одрази нивната хранлива вредност. Постојат државни и меѓународни уредби со цел информирање на потрошувачите за оптималното внесување на хранливи материи нивната исхрана.

Во биолошки размери, хранливата вредност на храната може да се разликува зависно од различните здравствени состојби (за што постојат препораки), сезонски разлики, возраст, полот и меѓувидовите или таксономски разлики.

Поврзано Енергетска вредност Хранливи материи

Наводи

Надворешни врски Основи на исхрана и методи за испитување на состојбата на исхранетост, проф. И. Спироски, Медицински факултет - Скопје

Вредност Категорија:Диететика