Трите сестри () — турска телевизиска серија во жанрот драма и романса, произведена од Süreç Film, чија прва епизода била прикажана на 22 февруари 2022 г., во режија на Еда Тексоз, а по сценарио на Нилуфер Озчелик и Севги Јилмаз. Серијата е адаптирана од истоимениот роман на Иџлал Ајдин. Серијата, составена од 3 сезони, завршила со својата 84-та епизода прикажана на 4 мај 2024 г.
Серијата се прикажувала и во Македонија, на телевизија „Сител“ со македонска синхронизација.
Содржина Во едно мало место крај егејскиот брег, започнува приказната за трите сестри. Срдечна и топла како што е и нивниот живот, како што е и нивното воспитување и безгрижните мигови минати по уличките во родниот крај, меѓу пријателите и соседите. Емотивна приказна за Туркан, Донуш и Дерја, три млади девојки што живеат среќно со својата мајка Несрин и таткото Садик. Но времето секогаш пишува своја историја, па така и годините што доаѓаат носат ветришта што засекогаш ќе ги променат судбините на овие сестри. Деновите кога трите сестри ги споделувале своите радости, својата среќа и младешки тајни се чини дека завршуваат. И ништо повеќе нема да може да ги врати тие дни.
Богатото семејство Корман ја бара раката на Туркан за нивниот син Сомер. Родителите прифаќаат, Туркан се мажи и заминува во замокот на Корманови, каде набрзо ќе сфати дека сонот што го сонувал одеднаш ќе стане вистински кошмар. Сомер не ја сака својата нова сопруга и не може да го прифати тоа што му е наметнато, а таа, невината Туркан ќе се соочи со болната вистина што воопшто нема да биде лесна. Нејзината свекрва по секоја цена ќе реши да го одржи тој брак, а презирот ќе стане мачен и неиздржлив за младата невеста. Таа ќе мора да ги промени нештата и само така да се избори за својата среќа. Среќата што ја имала во својата родна куќа, покрај своите родители и саканите сестри. Но тајната што долго време ја криеле родителите на трите сестри е на чекор да биде откриена. Сенките од минатото носат неочекувани пресврти во кои сестрите ќе бидат ставени пред нови искушенија, но и нови разочарувања.
Семејната приказна за „Трите сестри“ е заснована на познат бестселер напишан од турската писателка и глумица што во серијата го толкува ликот на мајката на трите сестри. Серија што за кратко време привлекла голем број обожаватели и успеала да ги спои животните драми во една безвременска телевизиска бајкa.
Наводи
Надворешни врски
Матична страница на серијата
__СОСОДРЖИНА__ __ИНДЕКС__
Категорија:Телевизиски серии Категорија:Турски телевизиски серии