Лоик Венсан Баде (роден на 11 април 2000) — француски фудбалер, играч од одбраната на Севиља.

Биогафија Роден во Франција, Баде има потекло од Брегот на Слоновата Коска.

Клупска кариера На 30 декември 2016 година, Баде се приклучил на Ле Авр од младинската академија на ФК Париз. Своето професионално деби со Ле Авр го направил во победата со 1–0 во Лига 2 над Ниор на 10 јануари 2020 година. На 20 јуни 2020 година, тој го потпишал првиот професионален договор во својата кариера, но не со Ле Авр, туку со , со кој дебитирал во Лига 1. По една сезона мината во дресот на Ланс, во која забележал 31 настап без постигнат гол во елитната француска дивизија, на 5 јули 2021 тој се преселил во Рен кој за него платил 16 милиони евра. На 4 ноември 2021, Баде го постигнал првиот гол во својата професионална кариера во победата со 1-0 на домашен терен над словенечкиот претставник Мура во групата фаза од УЕФА Лигата на конференции.Rennes - NS Mura, le résumé du match 4 ноември 2021

На 1 септември 2022 година, Баде му се приклучил на англискиот клуб, и нов член на Премиер лигата, Нотингем Форест на позајмица до крајот на сезоната 2022-2023. Иако Нотингем Форест имал и опција трајно да го откупи Баде, до таквата зделка не дошло затоа што на 3 јануари 2023 година, неговата позајмица била прекината откако тој не настапил ниту еднаш за шумарите.

На 4 јануари 2023 година, Баде и се приклучил на шпанската Севиља на заем до крајот на сезоната со опција за откуп. За разлика од англиското, искуството во Шпанија се покажало многу посреќно за него; во втората половина од сезоната, тој настапил во 27 натпревари во сите натпреварувања и дал придонес во освојувањето на титулата во Лигата на Европа со 6 настапи и еден постигнат гол, во победата со 3-0 над во четвртфиналето. На 9 јуни 2023, Севиља го откупила Баде, со што дефанзивецот потпишал договор до 2027 година.

Репрезентативна кариера Баде дебитирал за француската репрезентација под 21 година во ремито 1–1 против Фарските Острови на 6 септември 2021.

На 3 јуни 2024 година, Баде бил повикан од селекторот Тјери Анри во Олимписката репрезентација на Франција за Летните олимписките игри 2024 во Париз. Во првиот натпревар на турнирот, Баде постигнал гол, третиот за Les Blues во победата со 3-0 над САД во рамките на групата А.

Хронологија на репрезентативните настапи Франција - олимписка репрезентација

Статистика Клупска статистика Статистката е ажурирана на 5 јули 2024.

Сезона Клуб Првенство Национален куп Континентален куп Останати купови Вкупно Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Наст Гол 2017-2018 Ле Авр 2 НПФ 3 0 - - - - - - - - - 3 0 2018-2019 НПФ 17 0 - - - - - - - - - 17 0 2019-2020 НПФ 10 3 - - - - - - - - - 10 3Вкупно Ле Авр 2 30 3 - - - - - - 30 3 2019-2020 Ле Авр Л2 7 0 КФ+ЛКФ 0 0 - - - - - - 7 0 2020-2021 Л1 31 0 КФ 2 0 - - - - - - 27 0 2021-2022 Л1 14 0 КФ 2 0 ЛК 52 настапи во квалификациите. 1 - - - 21 1 авг. 2022 Л1 1 0 КФ - - - - - - - - 1 0Вкупно Рен 15 0 2 0 5 1 - - 22 1 сеп.-дек. 2022 ПЛ 0 0 ФАКуп+ЛК 0 0 - - - - - - 0 0 јан.-јун. 2023 ПД 19 1 КШ 2 0 ЛЕ 6 1 - - - 27 2 2023-2024 ПД 28 0 КШ 2 0 ЛШ 2 0 СУ 1 0 33 0Вкупно Севиља 47 1 4 0 8 1 1 0 60 2Вкупно во кариерата 130 4 8 0 13 2 1 0 146 6

Титули Севиља УЕФА Лига Европа : 1 2023-2024

Наводи

Надворешни врски

Лоик Баде на soccerway Лоик Баде на transfermakt Лоик Баде на espn Лоик Баде на whoscored

Категорија:Живи луѓе Категорија:Фудбалери на ФК Рен Категорија:Фудбалери на ФК Нотингем Форест Категорија:Фудбалери на ФК Севиља Категорија:Француски фудбалери Категорија:Родени во 2000 година