Сит ( — „положба“, ) — третиот син на Адам и Ева. Сит се споменува во родословието на Исус Христос.

Ева родила трет син, Сит, откако Каин го убил Авел, и откако Бог ги проколнал Каин и неговото потомство: „И Адам повторно ја запозна својата жена, и таа роди син и му го даде името Сит, бидејќи, рече таа: Бог одредил да имам друго потомство наместо Авел, кого Каин го уби“. (Бит. 4:25).

Според книгата Битие, Сит живеел 912 години.„... така поживеа Сит вкупно деветстотини и дванаесет години и потоа умре“ (Бит. 5:8). Според масоретскиот текст на Стариот завет, тој е роден во 130 година од создавањето на светот, го родил синот Енос на возраст од 105 години, починал во 1042 г. од создавањето на светот. Според Септуагинтата, се родил во 230 година, го родил синот Енос на возраст од 205 години, починал во 1142 г.

Апокрифи и преданија Преданието вели дека Сит го измислил пишувањето.Сиф // Энциклопедический словарь Брокгауза и Ефрона : в 86 т. (82 т. и 4 доп.). — СПб., 1890—1907. (руски) Според Јосиф Флавиј, Сит живеел добродетелен живот и неговите потомци го следеле неговиот пример. Тие ја измислиле астрономијата и ги запишале своите откритија на камени и циглени столбови за да не бидат заборавени. Еден од овие столбови се чувал во Сирија, иако некои луѓе мислат дека може да е во друга област.Иосиф Флавий. Иудейские древности, 1:2:3. (руски)

Има и апокрифен текст наречен „За Адам и Ева“, кој зборува за Сит.

Семејството на Сит Според Книгата на јубилеите, Сит се оженил за својата сестра Азура.Книга IV, 2-й абзац // Книга Юбилеев / пер. А. В. Смирнов. — СПб.: Амфора, 2000. — ISBN 5-8301-0183-1. (руски) Ерменскиот историчар Мхитар Ајриванеци ја нарекува жената на Сит, Азора.

Според книгата Битие, Сит родил син, Енос.Бит. 5:6

Според Книгата на јубилеите, синот на Сит, Енос, имал жена, сестра му Ноама.

Наводи

Надворешни врски

__СОСОДРЖИНА__ __ИНДЕКС__

Категорија:Библиски личности Категорија:Адам и Ева Категорија:Гностицизам