Свети Теодор Тирон — главна манастирска црква на Граешничкиот манастир во битолското село Граешница, Македонија.

Местоположба

Црквата се наоѓа во месноста Присој, околу 2 километри северозападно од селото.

Историја

За храмот се знае дека бил подигнат во 1926 година. Претходно на истото место имало црквиште, кое потекнува од времето кога постоело утврдувањето на Калето кај селото.

Според записите на Јован Трифуноски, кој го посетил селото во 1953 година, забележал дека до црквата се наоѓал многу стар бунар.

Галерија

Поврзано Битолско архијерејско намесништво Бистричка парохија Граешница

Наводи

Надворешни врски

Граешница Категорија:Граешнички манастир