мини| Меркати во зоолошката градина во Росток. Котило — младите што една живородна женка ги носи и раѓа одеднаш. Поимот главно се користи за цицачи и соодветствува, на пример, на ведило кај птиците.
Котилото води до физиолошко исцрпување за родителите (скотност за женката, хранење), но го максимизира бројот на потомци. Котилото од една страна ја зголемува заштитата од грабливците (поголеми се изгледите едно од младенчињата да преживее), а од друга страна им овозможува на родителите евентуално да му дадат предност на она младенче што има најголеми изгледи да преживее.
Во македонскиот јазик покрај општиот збор котило за повеќе младенчиња од исто раѓање, постојат и посебните зборови: мини|Осмонеделни кутриња од едно кучило кучило — сите кучиња од едно окучување. мачило — сите мачиња од едно омачување. прасило — сите прасиња од едно опрасување.
Наводи
Категорија:Зоологија Категорија:Размножување