Околуѕвездена прашина — вселенска прашина околу една ѕвезда. Може да се јави во облик на сферна обвивка или насобирачки диск. Оваа прашина е одговорна за значително згаснување и обично е извор на инфрацрвен вишок кај ѕвездите што ја имаат. Кај некои развиени ѕвезди на асимптотската гранка на џинови, прашината се состои од силикатни издуви. Според проучувањата, сè уште е неизвесно дали прашината е производ на кристален силикат или полицикличен ароматски јаглеводород. However, recent observations revealed that ѕвезди од типот на Вега display broad silicate emission. Предложено е дека составот на околуѕвездената прашина зависи од развојната фаза на ѕвездата, и е поврзана со промените во нејзината физичка состоба.
Изучувањето на составот на оваа прашина се нарекува астронимералогија. Забележано е дека прашината околу старите ѕвезди содржи речиси чисти кристални силикати богати со магнезиум (форстерит и клиноенстатит), аморфни силикати, диопсид, спинел, оксиди (корунд и Fe0.9Mg0.1O), како и цврсти составници богати со јаглерод: (хидрогенирани) аморфни јаглероди, ароматични јаглеводороди и силициум карбид."
Движењето на околуѕвездената прашина е условено од гравитацијата на ѕвездата и нејзиниот зрачен притисок.
Околуѕвездената прашина во Сончевиот Систем ја предизвикува појавата наречена зодијачка светлина.
Поврзано Насобирачки диск Околупланетарен диск Околуѕвездена обвивка Табиева Ѕвезда — необична затемнувачка ѕвезда
Наводи
Извори
Категорија:Ѕвездена астрономија
Категорија:Вселенска прашина