Сузуме (, буквално: Сузуме ги затвора вратите; ) — долгометражен аниме-филм од режисерот и сценарист Макото Шинкаи, создаден од CoMix Wave Films. Работата на филмот започнала во 2020 г. и се одвивала со учество на аниматори што претходно соработувале со Шинкаи. Изданието во кината се одржало во Јапонија на 11 ноември 2022 г., а на 23 февруари 2023 г. филмот бил прикажан на 73. берлински кинофестивал. Во Македонија премиерата била на 25 мај 2023 г.
Во северноамериканското и македонско издание, филмот е преведен како „Сузуме“, а во изворното јапонско издание насловот на филмот е „Сузуме ги затвора вратите“.
Содржина Сузуме, 17-годишна девојка што живее во мирен град во Кјушу, запознава младич што „бара врати“ на патување. Сузуме го следи до трошната зграда во планините и наоѓа слободна, непречена врата како само „таа“ (вратата) да е спасена од опустошување. Сузуме се чувствува привлечена од невидлива сила и посегнува по вратата. Наскоро, вратите низ цела Јапонија почнуваат да се отвораат една по друга. Вратите што се отворија мораат да бидат затворени за да се затвори несреќата што лежи на другата страна. Местата на кои таа талка имаат небо каде сите часови од денот изгледаат споени заедно. Поттикната од таинствените врати, започнува „патувањето на затворање врати“ на Сузуме.
Озвучување ГлумецУлогаНанока ХараСузуме ИватоХокуто МацумураСота МунакатаЕри ФукацуТамаки ИватоШота СометаниМинору ОкабеСаири ИтоРуми НиномијаКотоне ХанасеЧика АмабеКана ХаназаваЦубаме ИватоМацумото Хакуо IIХицуџиро МунакатаРјуносуке КамикиТомоја СеризаваЕн ЈаманеДаиџинАимиМики
Наводи
Надворешни врски
__СОСОДРЖИНА__ __ИНДЕКС__
Категорија:Филмови од 2022 година Категорија:Јапонски филмови Категорија:Јапонски цртани филмови Категорија:Аниме Категорија:Филмови на јапонски јазик Категорија:Анимирани филмови на Toho Категорија:Филмови на Toho