Џамија Мехмед Паша Кукавица била една од петте џамии во градот Фоча, во Босна и Херцеговина, која типолошки припаѓала на еднопросторна купола џамија со отворен надворешен трем. Се наоѓалa во Горња Чаршија (стариот град на Фоча), а целосно билa уништенa за време на Босанската војна. Изграденa била во 1751 година, таа била дел од архитектонскиот ансамбл составен од џамија, медреса (завршена во 1758 година), саат-кула и амам (Tурска бања) сите биле донации на Мехмед-паша Кукавица,кој бил роден во Фоча и бил еден од најистакнатите отомански гувернери на Босна.
Џамијата и остатокот од архитектонскиот ансамбл, како и поголемиот дел од стариот град Фоча (отоманската архитектура на Горња Чаршија) биле урнати во 1992 година по наредба на властите на Република Српска, веднаш по нападот и етничкото чистење на нејзините муслимански жители. Structural Studies, Repairs and Maintenance of Heritage, C. A. Brebbia,L. Binda, page 437
Архитектонскиот ансамбл на џамијата, медресата, саат-кулата и амамот (турска бања) на Мехмед-паша Кукавица во Фоча се прогласени за Национален споменик на Босна и Херцеговина од страна на Комисија на Босна и Херцеговина за зачувување на националните споменици.
Поврзано
Босанска архитектура Список на џамии Исламска архитектура Исламска уметност
Наводи
Надворешни врски
Комисија на Босна и Херцеговина за зачувување на националните споменици: Џамија Мехмед Паша Кукавица во Фоча Категорија:Отомански џамии во Босна и Херцеговина Категорија:Џамии во Босна и Херцеговина Категорија:Архитектура во Босна и Херцеговина Категорија:Координати на Википодатоците