Карачаево-Черкесская республикаКъарачай-Черкес РеспубликаКъэрэшей-Шэрджэс РеспубликэРепублика Карачаево-Черкесија</big> none|100px|Грбот на Карачаево-Черкесија Знаме Грб 200px|center|Положаба во Русија Држава: Русија Федерален округ: Јужен Површина: 14.277 км2 Население: 431.488 (2006.) Главен град: Черкеск Густина на население: 30 жит./км2

Карачаево-Черкесија (руски: Карачаево-Черкесская республика) е автономна република во составот на Руската Федерација.

Географија Површина: 14.100 км2 Граници: внатрешни: Краснодарски крај (N/NE/E), Кабардино-Балкарија (E/SE), Ставрополски крај (W/NW). меѓународни: Грузија (S/SW) (вкл. Абхазијa). Највисок врв: Елбрус (5,642 m)

Часовен појас left|75px

Карачаево-Черкесија е сместена во Московската часовен појас (MSK/MSD). УКВ разлика од +0300 (MSK)/+0400 (MSD).

Реки Аксаут Голема Лаба Голем Зеленчук Даут Кубањ Кума Кјафар Мал Зеленчук Марука Подкумок Теберда Уруп

Езера Има приближно 130 езера во републиката.

Планини thumb|275px|left|планинскиот масив Аркиз. Карачаево-Черкесија е претежно планинска земја.(~80% од теритиријата). Планината Елбрус, е највисоката планина во Европа, и се наоѓа на границата со Кабардино-Балкарија.

Природни богатства Во оваа република најмногу може да се најде злато, јаглен, бакар, и др.

Клима Просечна јануарска температура: -3.2 °C Просечна јулска температура: +20.6 °C Просечни врнежи: 550 mm (рамници) до 2.500 (планини)

Население thumb|200px|десно|Панорама на главниот град Черкеск

Карачаево-Черкесија е многунационална република. На нејзината територија живеат повеќе од 80 националности. Вкупниот број на население изнесува 434.500 жители (2005). Густината на населението е 30,8 жит./км2 (2005), а уделот на градското население е 44,1 % (2005).

Народ Жители во 2002 год, илјади. (* )Карачаевци 169,2 (38,5 %)Руси 147,9 (33,6 %)Черкези 49,6 (11,3 %)Абазини 32,3 (7,4 %)Ногајци 14,9 (3,4 %)Осети 3,3Украинци 3,3Армяне 3,2Ерменци 2,0Чеченци 1,8Грци 1,3Азербејџанци 1,0 не се покажани народи чиј бк.број е помал од 1000

Интересно е да се напомене дека во оваа република популацијата драстично опаѓа. Најпрво се должи на нестабилноста во северниот Кавказ, каде има многу етнички судири, и скоро во секоја руска кавкаска република има по некаков воен инцидент.

Категорија:Републики во Русија

Категорија:Кавказ Категорија:Северен Кавказ Категорија:Држави и територии настанати во 1991 година