Сенглеа или Исла () познат по својата титула Città Invicta (или Civitas Invicta), е утврден град во Југоисточниот регион на Малта. Тој е еден од Трите града во Големото пристаниште, покрај Коспикуа и Виториоза, и има население од околу 2,720 жители. Титулата на градот Città Invicta (букв. непобедлив град) била доделена бидејќи успеал да се спротивстави на османлиската инвазија при Големата опсада на Малта во 1565. Името Сенглеа доаѓа од Големиот мајстор на малтешкиот ред Клод де ла Сенгле кој го изградил и му дал на градот дел од своето име.
Категорија:Географија на Малта