Весна Малинова (р. Штип) — македонска композиторка и поетеса.
Кариера Првите нејзини песни ги објавила во 1999 година (композиција и текст), и од тогаш реализирала над 400 песни, (композиции и/или текстови и препеви и аранжмани) во изведба на бројни музичари, меѓу кои Дани Димитровска, Кристина Арнаудова, Каролина Гочева, Тоше Проески, Ѓоко Танески, Александра Пилева, Влатко Илиевски, Роберт Билбилов, Биба Додева, и многу други.
Малинова, како автор (музика, текст, аранжман, придружен вокал или уметнички продуцент), остварила соработки и дела кои се застапени на голем број официјални музички изданија (албуми) на македонските музичари, а дел од нив имаат и интернационални изданија.
Се вклучила волонтерски во проектот „Растеме заедно“; а го работела и препевот на првиот јуниорски бродвејски мјузикл изведен на македонски јазик „Ени Јуниор“. Малинова исто така има повеќе препеви на македонски јазик, на песни од авторите Момчило Бајагиќ - Бајага, Дино Мерлин, Марија Шерифовиќ, Даниел Кајмаковски, и други.
Во песните на Малинова се проткајуваат повеќе жанрови и мелодиски и зборовно, од лирски, шлагерски, поп, рок, поп-рок, раскажувачки, лесни и длабоко емоционални.
Голем дел од нејзиното творештво се појавил на музичките фестивали во регионот, како што се: Макфест – фестивал МРТВ – Скопски фестивал МРТВ – Избор на песна за евровизија – Евросонг Охридски трубадури – фестивал Сунчане скале „Sunčane skale - pjesma ljeta“ Детска Евровизија Златно славејче
Награди и признанија Весна Малинова добила повеќе национални признанија и околу дваесеттина фестивалски награди, награди на разни музички манифестации, меѓу кои Златни Бубамари на популарноста, за најдобар композитор и текстописец и за „Албум на годината“, како и многубројни награди за најдобар текст и друго. Наводи
Категорија:Македонски композитори Категорија:Македонски текстописци