алт=|мини| Чаша сок од црвено грозје. Гроздов сок или сок од грозје — течност што се добива од пулпата на зрната од грозје. Може да се пие како пијалак каков што е, а ако е наменет за ферментација во вино, се вика шира.

Состав Сокот од зрело грозје се состои од приближно 80% вода, содржи од 15 до 25 % јаглехидрати во зависност од зрелоста на зрната, составени од гликоза и фруктоза во еднакви делови.

Шеќерите се складираат за време на зреењето, во поголеми или помали количини (во зависност од сортата на грозје, почвата и климата) во зрната од грозјето.

Производ од фотосинтезата на листот и резервните производи, сахарозата се хидролизира во гликоза и фруктоза, а скробот во гликоза (во облик на редукциони шеќери при селењето кон грозјето). За време на созревањето, процентот на фруктоза се зголемува и конечно во зрелоста, односот гликоза/фруктоза е блиску до 0,95.

Сокот од грозје исто така содржи ресвератрол.

Квалитет

Органолептички Органолептичкиот квалитет зависи од сортата на грозје, но и од содржината на шеќер: производителите на вино и алкохолни пијалaци бараат грозје богато со шеќер што ќе произведе алкохол, додека производителите на овошни сокови бараaт сорти што произведуваат повеќе кисели и помалку слатки сокови.

Здравствени аспекти Зрната што се зрели и здрави (без болести) и остатоци од фитосанитарни производи (како пестициди) даваат поквалитетен сок.

Поврзано Шира

Наводи

Категорија:Овошни сокови