Основно училиште „Крсте Петков Мисирков“ (официјално: Подрачно основно училиште „Крсте Петков Мисирков“ - Прибачево; скратено: ПОУ „Крсте Петков Мисирков“) — подрачно основно училиште во селото Прибачево, составен дел на истоименото училиште од селото Оризари, Општина Кочани.

Училиштето е именувано по македонскиот филолог Крсте Петков Мисирков.

Местоположба

Објектот на училиштето се наоѓа во јужниот дел на селото, непосредно до селската црква „Св. Петар и Павле“.

Историја

Училиштето било подигнато во 1934 година.

Настава

Во училиштето се изведува настава од прво до петто одделение и наставата се изведува на македонски наставен јазик.

Во учебната 2022/23 година во училиштето имало една комбинирана паралелка.

Поврзано ОУ „Крсте Петков Мисирков“ - Оризари

Наводи

Категорија:Основни училишта во Општина Кочани Прибачево Категорија:Прибачево