Хелбој (), во некои преводи Хелбој: Подемот на Крвавата Кралица — американски суперхеројски филм во режија на Нил Маршал. Напишан е од Ендру Косби, врз основа на стрипот на Мајк Мињола. Во главната улога е Дејвид Харбор. Филмот требало да излезе во јануари 2019 г., меѓутоа, филмот премиерно бил прикажан на 12 април 2019 г. во САД, а во Македонија излегол на 11 април истата година.
Дејството на филмот се сосредоточува на борбата на тајната американска организација за која Хелбој работи со неземни сили во лицето на моќната вештерка Вивиен Нимуе, која се обидува да ја преземе власта над целиот свет уништувајќи го човештвото.
Содржина Хелбој е натприродно суштество што е син на паднат ангел. Тој дошол во нашиот свет во 1944 г. како последица на мистичен ритуал. Окултистите од Третиот Рајх долго време се обидувале да добијат предност во војната, надевајќи се дека ќе го привлечат идеалниот војник во редовите на фашистичката армија. Хелбој бил токму тој што им требал, но никогаш не успеале да ги остварат своите планови. Демонот од пеколот паднал во рацете на Американците и почнал да им служи, заштитувајќи го светот од таинствени закани. Овој пат тој е испратен во Англија за да се сретне лице в лице со сопругата на Мерлин. Само една битка со Крвавата Кралица ќе доведе до крајот на светот, што чудовиштето се обидувало да го избегне целиот свој живот.
Улоги ГлумецУлогаДејвид ХарборХелбој / Анунг Ун РамаМила ЈововичВивиен НимуеИјан МакшејнТревор БрутенхолмСаша ЛејнАлис МонаханДаниел Деј КимБен ДаимиоТомас Хејден ЧерчЛобстер ЏонсонПенелопа МичелГанејдаМарк Стенликрал АртурБрин ГлисонМерлин
Наводи
Надворешни врски
__СОСОДРЖИНА__ __ИНДЕКС__
Категорија:Американски филмови Категорија:Филмови на англиски јазик Категорија:Филмови од 2019 година Категорија:Филмови за демони Категорија:Американски филмови за чудовишта